Ангелов: Споменик на Ќосето треба да има

Лидерот на Достоинство, генералот Стојанче Ангелов смета дека споменик на Андон Ќосето треба да има, но не пред судот, каде што беше до пред два дена, односно пред да биде тргнат од новите градски власти во Скопје.

„Херој на македонската борба за слобода. Лојален припадник, бескомпромисен борец и суров извршител на Организацијата. За жал, поради масовната (зло)употреба на неговото име во дневно-политички и други цели, неговиот лик денес е извалкан и буди негативни емоции кај дел од македонскиот народ.
Но, без разлика на неговата патриотска величина, сепак, на споменикот на Ќосето местото не му е пред Судот. Ќосето не бил судија, ниту пак судел. Ќосето пресудувал. Им пресудувал на лицата на кои им судела Организацијата. Затоа, споменик на Андон Ќосето треба да има но на некоја друга репрезентативна локација од која нема да буди негативни емоции и асоцијации“, напиша Ангелов на својот профил на „Фејсбук“.