Ангеловски пред дуелот со Лихтенштајн: Играме за голема цел, најважни се трите бода

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски пред вечерашниот натпревар со Лихтенштајн од Лига на нации со победнички уверувања од Вадуц.

„Атмосферата секогаш била на највисоко ниво. Ќе изберам 11 фудбалери кои треба да ја донесат победата. Верував во оваа репрезентација кога малкумина веруваа. Но, главното што треба да го направат е вечерва. Не е важно против кого играме туку за што играме, a утре играме за голема цел, изјави македонскиот селектор.

Тој додаде дека сите репрезентативци се добро подготвени, а дека Столе Димитриевски повторно ќе се најде меѓу стативите.

„Јас кажав дека тој е прв голман. Тој брани во Примера и воопшто не се сомневам во него ниту во останатите“, изјави Ангеловски.

Капитенот на „црвено-жолтите“, Горан Пандев, пак, сподели дека оваа репрезентација против Лихтенштајн ќе потврди оти е најдобра во групата против Лихтенштајн и дека поразот во Ерменија беше само една лоша вечер.

„Добро се познаваме. Често играме против нив во последните години и мислам дека ако одиграме како што знаеме, ќе немаме проблеми. Уште сме први во групата и не знам зошто толку трагично во нашата земја беше сфатен тој пораз од Ерменија. Ова е нашата најквалитетна селекција и тоа ќе го докажеме. Најважни се трите бода, без разлика со кој резултат, и во понеделник да го прославиме првото место во групата“, изјави Пандев.