Ангеловски: Не бегаме од фаворитската улога, но ги респектираме противниците

Селекторот на македонската фудбалска федерација Игор Ангеловски ги искажа своите очекувања за претстојните натпревари со Гибралтар и со Ерменија во Лига на Нации.

– Не бегаме од фаворитската улога, но го имаме задолжителниот респект за Гибралтар. Не е лесно да се победува, очекувам максимално издание на моите фудбалери и заедно да ја почнеме Лигата на Нации со три бода. Сите мисли се насочени кон Гибралтар, а потоа ќе мислиме на Ерменија, истакна Ангеловски.

Македонија на 6 септември му гостува на Гибралтар, додека на 9 септември ја пречекува Ерменија.

Во новото натпреварување на УЕФА, Лига на Нации, во групата-Д покрај овие три селекции се наоѓа уште и Лихтенштајн.

Ангеловски ги соопшти имињата на фудбалерите на кои ќе смета на првите два натпревари од Лига на Нации против Гибралтар (06. септември) и Ерменија (09. септември). На списокот на селекторот Ангеловски се наоѓаат 18. фудбалери.