Ана Курникова и Енрике Иглесијас станаа родители на близнаци

САД- Тенисерката Ана Курникова и поп-ѕвездата Енрике Иглесијaс за првпат станаа родители на момче и девојче, според извори кои тврдат дека Ана се породила викендов во Мајами. Според TMZ, познати се и имињата на близначињата кои наводно ќе се викаат Николас и Луси.

Оваа вест изненади многу фанови, со оглед на тоа што никогаш не дознавме дека Ана е воопшто бремена.Сепак, водејќи се по тоа дека тие и нивната врска постојано ја чуваат во тајност и настрана од медиумите, не е ништо чудно што парот бил мистериозен и за бременоста на тенисерката.

На социјалните мрежи тие почнаа да добиваат честитки, меѓу кои се најдоа и официјалните профили на Australian Open и US Open на Twitter. Двојката е заедно веќе 16 години.