Анализа: го истрaжува ли СЈО случајот „Монструм“ ?

Влезе ли предметот „Монструм“ уште на самиот почеток на повтореното судење во нов ќорсокак? Одбраната на обвинетите, но и експертите повикуваат да се вклучи Специјалното обвинителство во расчистувањето на овој контроверзен случај со нови докази.Тимот на Катица Јанева, засега, се држи воздржано.
На неодамнешното, прво рочиште од повторениот серијал, како застапник на обвинението повторно се појави редовното обвинителство, коешто остана на првичното обвинение дека петмината обвинети се виновни за свирепото убиство, кај „Смилковското езеро“, на четири момчиња и еден рибар за големиот христијански празник Велики петок, пред безмалку шест години. А, претседателот на новиот кривичен судски совет, судијата Огнен Ставрев само дозволи да се прочита обвинението и од технички причини го одложи судењето за четврток.
Ваквиот вакуум простор го користи опозиционата ВМРО-ДПМНЕ која остро го критикуваше повторното судење за случајот „Монструм“. Според нив, чудно е како на обвинетите во овој случај не им се одредува притвор и судот има толку голема доверба дека нема да го повторат делото и нема да избегаат. Од ВМРО-ДПМНЕ ги обвинија коалициските партнери СДСМ и ДУИ за политички договор кој, според нив, довел до ослободување на обвинетите од притвор, договор кој, како што велат тие, произлегува од „Тиранската платформа“.

Целата анализа на правосудство.мк.