Амонијак од валкани мелни пелени во еден од становите е причината за лошата миризба во „Скопјанка“

Во зградата „Скопјанка“ од каде вечерва беа евакуирани станарите бидејќи пријавија непријатен мирис кој предизвикувал кашлање, специјална екипа на АРМ  пронашла во еден од становите на вториот кат голем број пелени со измет и урина, соопшти градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

-Во станот 11 е откриена просторија преполна со користини мелни пелени кои не биле фрлени и има зголемена количина на амонијак, што не е штетно по здравјето. Во станот 11 се врши увид, каде што се наоѓа изворот. Потоа ќе се пристапи со дезинфекција на целата зграда, рече Шилегов.

Според него, граѓаните по шест часа можат да се вратат дома.

Според првичните информации, во станот живееле две жени, од кои едната на возраст околу 90 години.