Американски медиуми: Заменикот на државниот обвинител на САД сепак не поднел оставка

Заменикот на државниот обвинител на САД, Род Розенстајн не поднесе оставка на таа функција, изјави за американски медиуми доброупатен неименуван извор, иако првично беше објавено дека уснено поднел оставка.

Розенстајн закажа состанок во Белата куќа напладне, наведе истото лице, додавајќи дека тој и натаму е заменик на државниот обвинител и оти во тоа својство учествува на „значаен состанок“.

Изворот потврди за американски медиуми дека прашањето за оставката на Розенстајн се појавило во разговорите со шефот на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Кели, викендов што помина.

Претходно, порталот „Аксиос“ јави дека Розенстајн поднел денеска оставка, во момент кога се очекувало Трамп да му врачи отказ.

Меѓутоа, неименуван извор близок по тоа прашање рекол дека  наводите на порталот не се точни и дека Розенстајн не поднел оставка.