Американскиот Уставен суд одби да го слушне предлогот на администрацијата на Трамп

Американскиот Уставен суд денеска одби да го слушне предлогот на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за укинување на Законот за заштита на малолетни недокументирани мигранти (ДАКА).

Судиите одбија да ја слушнат жалбата на администрацијата за одлуката на федералниот судија од 9 јануари годинава за укинување на програмата за заштита на мигрантите, што е усвоена за време на мандатот на поранешниот претседател на САД, барак Обама во 2012 година.

Трамп сакаше програмата да биде укината од март годинава.