Американка во шок: Добила сметка за струја од 284 милијарди долари
Жителка на американската сојузна држава Пенсилванија останала вџашена кога на интернет ја проверила сметката за струја, каде што во моментот вкупната сума доспеала 284 милијарди долари.
Мери Хоромански дури и помислила дека божиќните украси ја направиле сметката толкава… Потоа, таа заедно со нејзиниот син ја контактирале компанијата „Пенелек“, која ги снабдува со струја.
Од компанијата ја известиле дека станува збор за грешка и оти всушност сметката изнесувала 284,46 долари.
– Сега веќе знам што сакам син ми да ми подари за празниците… Му реков дека сакам апарат за следење на работата на срцето – вели Хормански