Амброзио е новата амбасадорка на „Сваровски“

САД- Светски познатата компанија за накит „Сваровски“ ја најави соработката со моделот Алесандра Амброзио (36) која е нов амбасадор на брендот.

Австриската компанија и бразилската убавица ја објавија првата рекламна кампања за пролетната колекција на накит насловена ‘Rainbow Paradise’. Акцентот е на тропска тема, а накитот е колоритен и впечатлив.

Претходни амбасадори на брендот беа манекенките Карли Клос, Наоми Кембел, Кјара Ферањи, Џордан Дан…