Алцхајмерова болест им се заканува на пушачите

Пушачите, особено оние со долгогодишен стаж, се изложени на поголем ризик од дури 79 отсто да заболат од Алцхајмерова болест во споредба со непушачите, покажаа истражувањата на лондонскиот Империјал колеџ.

Истражувачите утврдија дека активните пушачи имаат многу големи шанси да заболат и од другите видови деменција, како и од ментално пропаѓање поврзано со стареењето.

Ризикот за Алцхајмерова болест кај пушачите се зголемува исто како што кај оваа категорија луѓе се зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести поради оштетување на крвните садови и намалувањето на протокот на крв во нив.

.