Александар заминува од аеродромот „Скопје“

Споменикот на Александар Македонски се дислоцира моментно од меѓународниот аеродром „Скопје“.
Според веста и фотографијата што ја објави „Слободен печат“, откако и официјално е преименуван скопскиот аеродром, следен чекор е и отстранување на споменикот според кој беше претходно именуван објектот.

Пред неколку седмици, Владата донесе одлука за преименување на аеродромот кај Петровец, враќајќи му го стариот назив „Скопје“, што претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ го смени набрзо по доаѓањето на власт во 2006 година. Актуелната влада, истовремено со преименувањето на аеродромот, донесе одлука и новиот автопат кон Грција да не се вика „Александар Македонски“, туку „Пријателство“.

Неодамна, од влезот на скопскиот аеродром беше отстранета таблата со натпис Александар Велики.