Алегри ја освои „Златната клупа“

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, доби „Златна клупа“ за најдобар тренер на Италија оваа година. Тој четвртипат ја освојува наградата, надминувајќи ја конкуренцијата – Маурицио Сари и Симон Инзаџи.

– Како што секогаш велам, колку помалку штета нанесуваме, толку подобро. Благодарам до мојот штаб, кој симнува толку многу тензии од мене и ми овозможува да остарам побавно. Играчите исто така заслужуваат признание. Се надевам дека ќе останам во Јувентус долго време. Сега повеќе размислувам за нештата. Годините искуство во Серија А ми дозволија да пораснам, изјави Алегри.

Италијанецот додаде дека целта пред него и тимот е да се освои осмата последователна титула во Калчото, како и Лигата на шампионите.

– Ќе видиме дали среќата ќе биде на нашата страна. Ќе видиме каде ќе бидеме во март. Нивото е зголемено, така што треба да имаме квалитети за да го достигнеме. Што се однесува до Скудетото, нашето внимание е фокусирано на Наполи и Интер, истакна Алегри при примањето на наградата.