Албанското МВР демантира дека има нов извештај на ЦИА

Албанското Министерство за внатрешни работи, по информацијата на медиумите за извештајот на ЦИА и острите обвинувања на опозицискиот демократски лидер Љуљзим Баша, реагираше со соопштение во кое појаснува дека „веста објавена во медиумите е неточна“.

– Веста објавена на медиумите во врска со некаков нов извештај на ЦИА за безбедносната ситуација во Албанија е неточна и претставува погрешна ориентација на јавноста, се наведува во соопштението.

Според Министерството „нема никаков специфичен извештај на ЦИА објавен последните денови во врска со состојбата во Албанија“.

– Алманахот на ЦИА (The World Factbook) е објавен на официјалната веб страница на ЦИА. Ова е производ на оваа организација, која се ажурира на неделна основа и содржината е лесно достапна на интернет. Значи, иако најновото ажурирање е од 14 август 2018 година, нагласуваме дека ова е ажурирање на алманахот како целина, а не конкретни податоци за Албанија, се посочува во соопштението.

Министерството тврди дека во моментов за Албанија на Фејсбук има иста содржина, како онаа од 2017 година и оти текстот, со мали промени, е речиси идентичен со оној објавен во периодот од 2007 до 2016 година.

При тоа во соопштението додава и фотографии од соодветните страници на Фејсбук по години.

Албанското Министерството за внатрешни работи наведува дека „политичките шпекулации да се произведат под било каков услов негативни вести ја оцрнуваат и директно да ја загрозуваат работата и пожртвуваноста на вработените во државната полиција“.

Албанските медиуми ја пренесоа веста дека американската Централна разузнавачка агенција во последниот извештај, наведува дека Албанија останува клучна земја за перење пари, трговија со оружје, наркотици и имигранти.

– Албанија се уште се смета за клучна земја за производство на канабис и активна точка за транзит на дрога, се истакнува, според медиумите, во извештајот.

Лидерот на опозициските демократи Љуљзим Баша, реагираше за извештајот, истакнувајќи дека „Албанците не заслужуваат премиер поврзан со организираниот криминал“.

Тој го обвинува Рама дека ги излажал албанските граѓани, ЕУ и САД со прогласувањето победа во борбата против канабисот и бришењето на Албанија од мапата на производител на ова наркотично растение.

Посочи дека за седум месеци, албанската италијанската и грчката полиција заплениле над 30 тони марихуана произведена во Албанија и го обвини Министерството за внатрешни работи дека не врши анализа на запленетата дрога за да ја скрие вистината дека Албанија продолжува да биде рај за криминалот за огледување на канабис.