Албанскиот Парламент ги изгласа новите министри,опозицијата ја напушти салата

На вонредната седница албанскиот Парламент со гласовите на владејачкото мнозинство избра нови министри во Владата на премиерот Еди Рама.

Пред гласањето седницата ја напуштија пратениците од опозицијата,откако не им беше прифатено барањето да дебатираат околу предлозите.

Од денеска Ерјон Браче е нов  вицепремиер, Косовката Беса Шахини, министерка за образование, Анила Денај министер за финансии и економија додека Белинда Балуку министер за инфраструктура и енергетика.

Бледи Чучи е министер за земјоделство,Елва Маргарити министерка за култура, Едуард Шалси е нов државен министер,додека Елса Спиропали минисерка за однос со парлементот,ресор кој повторно го врати Рама.

Ресорот министер за Европа и надворешни работи останува празно,откако претседателот Илир Мета не потпиша уредба оваа функција паралено со премиерската да ја извршува Рама. Претходно Мета не ја потпиша уредбата шеф на дипломатијата да биде Косовецот Гент Цакај.

Откако Рама ги соопшти имињата на новите министри,на крајот на минатата година,  опозицијата обвини дека реконструкцијата на владата е само мајтапење со народот и оти Владата на премиерот Еди Рама веќе паднала. Според опозицијата новите министри се „мешавина на неспособни,анонимни, дел и корумпирани лица“.

Тоа е прва темелна реконструкција на Владата по формирањето во септември 2017 година.