Албанската полиција има сознанија дека опозицијата ќе се обиде насилно да влезе во Собранието

Пред утрешниот масовен протест на обединетата опозиција, албанската полиција ги повика организаторите да се дистанцираат од сценарија на насилство кои „се подготвуваат за утрешниот протест“.

Според сознанијата на полицијата ќе има обид за насилно влегување во Собранието.

– Од информациите прибрани од релевантните служби, постојат податоци за поттикнување на насилство и организирање криминални активности. Ќе има обид за насилно влегување во собраниската сала, преку насилство врз лицата со законска обврска да обезбедат заштита на институција која е основа на демократијата. За да се спречи ваков обид, државната полиција ги повикува организаторите отворено да се дистанцираат од насилство и да повикуваат на почитување на законот од страна на секој учесник во протестот,стои во полициското соопштение.

Полиција предупредува дека полициските и безбедносните сили се подготвени да одговорат со силата на законот и со целосна пропорционалност, на секое незаконско дејствије или чин на насилство.

– Државната полиција е целосно посветена на гарантирањето на јавниот ред и безбедност, како и неповредливоста на институциите за време на протестите, се посочува во соопштението од полицијата.

Во исто време се огласија од Нацоналната гарда, која ги посоветува новинарските екипи со себе да понесат гас маски.

Инаку, за безбедоста утре ќе бидат ангажрани околку 2.000 припадници на полицијата, Гардата, специјалните единици, идентично како и на протестот одржан во саботата, кога имаше обид насилно да се влезе во зградата на Владата.