Албанската мафија го презеде пазарот на кокаин во Велика Британија

Албанската мафија ја презеде контролата над пазарот со кокаин во Велика Британија, пишува британски „Мирор“ и додава дека вредноста на тој пазар се проценува на 5,7 милијарди евра.
Таа мафија полека го презеде пазарот во Британија, откако голем број Албанци се преселија во Британија по падот на комунизмот во Албанија 1990 година, пишува весникот.
Како што се наведува. сега „застрашувачките криминалци“ го контролираат речиси целиот пазар во велика Британија, со кокаин кој е најевтин од 1990 година и е најчист во последните 10 години.
До преземање на пазарот дојде така што албанската мафија ги отфрли посредниците и почна директно да комуницира со колумбиските картели, што овозможи пониски цени и поголема чистота на кокаинот на пазарот.
Заради тоа сега Велика Британија се соочува со најголем број млади корисници на кокаин во Европа/
„Мирор“ наведува дека еден мал запчаник во тоа царство, каде главниот збор го води озлогласената банда „Хелбанианк“ која владее до источен Лондон.
Оваа банда имаше дури и свој Инстаграм налог на кој имаше  дури 115.000 следбеници, а кој е затворен во ноември минатата година.
Портпаролот на Националната агенција за криминал рече дека листата на албански криминални групи имаат големо влијание на останатите криминални организации во Велика Британија и пристап до пазарот на наркотици, пред се со кокаин, а поврзани се со групи преку кои перат пари и тргуваат со луѓе.