Албанија: Уште едно бебе почина од морбили

Во Албанија е регистриран втор смртен случај од морбили.

Станува збор за четиримесечно женско бебе,кое во Инфективната клиника во Тирана било донесено од регионалната болница во Пешкопеја со бронхопневмонија.

– Ова е второ бебе кое почина како последица од добиените компликации откако заболело од морбли. Првиот случај е регистриран пред две недели кога почина осуммесечно бебе, јави тиранската телевизија Топ чанел.

Бројот на заболени од морбили во земјата ја достигнува бројката од 87,главно деца кои не примиле вакцина против оваа заразна болест.

Од Институтот за јавно здравје во Тирана,потврдуваат дека околу 4 отсто од албанската популација не е вакцинирана против морбили.

– Само во Тирана има околу 1.300 деца кои наполниле една година а родителите им ја одлагаат вакцината,дел од нив поради негативната пропаганда, дека наводно по добивање на вакциината против морбили  кај детето се јавува аутизам,што не е точно,-велат од оваа институција.

Од таму апелраат до родителите да не потпаѓаат под вакви влијанија  и децата да ги вакцинираат што е во интерес на нивното здравје