Албанија и Косово потпишаа 12 договори на заедничката седница

Владите на Албанија и на Косово денеска во албанскиот град Корча ја одржаа четвртата заедничка седница, во рамки на одбележувањето на 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија и Денот на албанското национално знаме.

Албанскиот премиер Еди Рама и неговиот косовски колега Рамуш Харадинај за време на седницата потпшаа 12 договори, од кои четири од сферата на безбедноста, а останатите за соработка цо областа на енергетиката, дијаспората, животната средина, културата и странските инвестиции.

Рама и Харадинај при тоа се заложија за унапредување на економската соработка и за олеснување на царинските активности меѓу двете држави.

Албанскиот премиер рече дека главна цел е отстранување на царинските бариери меѓу двете држави и најави дека набрзо Албанија ќе овозможи отворање оперативна канцеларија на Косово во пристаништето Драч, како и на нови гранични премини меѓу двете држави.

– Во Косово се отворени 920 бизниси на албански инвеститори, а има у косовски во Албанија. Трговската размена меѓу двете земји е зголемена за петпати. Оваа бројка споредена со нашите амбиции е скромна. Минатата година беше успешна година, кога трговската размена достигна над 200 милиони евра, изјави Рама.

Харадинај, од своја страна, побара од Тирана и натаму да продолжи да го поддржува Косово во активностите за зачленување во меѓународните институции, а пред се за интегрирање во НАТО и ЕУ.

– Наша цел е Косово да се интегрира и да ги продолжи преговорите со Србија. Но, признавањето на Косово од страна на Србија е непходно, посочи Харадинај.

Рама зборуваше и за унапредување на соработката со другите соседни земји, споменувајќи ги Македонија и Србија.

Инаку, членовите на албанската и на косовската влад ги продолжуваат актвностите утре во приморскиот град Валона, каде на 28 ноември 1912 година е прогласена независноста на Албанија.