Акционер во Арсенал, можен иден сопственик на Милан

Рускиот бизнисмен Алишер Усманов е заинтересиран за купување на Милан, соопшти „Фудбал Италија“. Во моментов, клубот му припаѓа на кинескиот бизнисмен Ли Јунгхун, но можно е да дојде до промена на сопственоста поради долговите од 303 милиони евра што „росонерите“ ги должат кон хеџ-фондот „Елиот Менаџмент“.

Усманов е во добри односи со шефот на фондот, Пол Сингер, па во случај Милан да не може да ги плати долговите пред октомври, „Елиот Менаџмент“ ќе има можност да го преземе клубот.

За потсетување, Ли го купи Милан во април 2017 година, плаќајќи 740 милиони евра на Силвио Берлускони.

Во медиумите постојат извештаи дека азиската компанија е во нестабилна финансиска состојба, па голема е веројатноста Усманов, кој е сопственик на малцински удел во Арсенал, да го добие Милан.