Актерот Гери Олдман „испуши“ 34.000 евра

Познатиот британски актер Гери Олдман во филмот „Darkest Hour” го глуми некогашниот премиер на Велика Британија, Винстон Черчил.

„Darkest Hour” (Најмрачниот час) е драма сместена во Втората светска војна, а на снимањето 59-годишниот Олдман мораше секојдневно да мине низ четири-петчасовно шминкање за да личи на Черчил.

Глумецот е познат по тоа што секоја своја улога ја разработува темелно, до најситен детаљ, па така беше и овојпат. Но, само основниот и главен елемент од оваа подготовка, го чинеше 30.000 фунти, односно нешто помалку од 34.000 евра.

Имено, глумејќи го Черчил, Олдман мораше и да пуши пури, а вкупата сума потрошена за нив е повисока од хонорарот на некои од неговите колеги.

– Не пушам веќе, се отрув со никотин. Пушев 12 цигари на ден. За нив за потребите на снимањето беа потрошени околу 30.000 фунти. Една пура чини близу 50 фунти (56 евра). Имав проблеми со стомакот три месеца додека траеше снимањето на филмот. За божиќната пауза, сите ги китеа елките и купуваа подароци, а јас бев на колоноскопија. Тоа беше мојот божиќен подарок, изјави Олдман.