Актерката Сузан Сарандон уапсена на протест против Трамп

САД- Сузан Сарандон беше дел од групата 575 жени кои беа уапсени во Вашингтон поради учество во мирен протест против политиката на Трамп за „нула толеранција за имигрантите“, во претставништвото на Сенатот во Министерството за правда.

Актерката преку нејзиниот Twitter профил детално известуваше од настанот на кој заедно со другите активисти држеше транспаренти со повици за ставање крај на имиграциските кампови и пораката „Нам ни е гајле“ , како реакција на јакната што првата дама Меланија Трамп ја носеше на пат кон камповите на границата со Мексико, на која пишуваше : „Навистина не ми е гајле, а тебе?“

На протестот се извикуваа пароли како “Што сакаме? Слободни семејства“ и „Вака изгледа демократијата“.

Сарандон (71) лани изјави дека уште смета дека во некои аспекти демократската кандидатка Хилари Клинтон е поопасна од Трамп и повикуваше да се гласа за трета опција.

„Сметам дека беше многу, многу опасна. Уште ќе бевме во војни ако беше таа претседател. Немаше да биде нешто многу подобро. Видете што се случи за време на Обама кога не обрнувавме внимание“, рече тогаш Сарандон.