Актерката Ема Вотсон донира милион фунти против сексуалното вознемирување

Англија- Британската актерка Ема Вотсон донира 1 милион фунти за потребите на неодамна формираниот добротворен фонд, кој ќе се занимава со поддршка на жените погодени од сексуално насилство.

Новата добротворна организација се нарекува “Фонд за правда и еднаквост”. Таа е составена од жени кои работат за британската забавна индустрија.

Нивната цел е да се соберат 2 милиони фунти за борба против сексуалното вознемирување и родова дискриминација.

Сонародникот на Вотсон Том Хидлстон и актерката Кира Најтли исто така се вклучија во фондот со по 10 илјади фунти. Повеќе од 200 познати британски актерки, меѓу кои Кејт Винслет, Емили Кларк и Џоди Витакер, се меѓу потписниците на петиција со барање за престанок на сексуалното вознемирување на жените.