Актерката Диане Кругер бремена со првото дете

Германија– Германската актерка со холивудска кариера Диане Кругер (41) го очекува првото дете со своето момче, актерот Норман Редус (49). Двојката ја крие врската далеку од очите на јавноста, ретко можат да се видат заедно и својата врска не ја коментираат.

Редус од претходната врска со манекенката Хелен Кристенсен го има синот Мингус (18).

Двојката ја потврди врската во 2017 година, осум месеци откако Кругер ја прекина десетгодишната врска со канадскиот актер Џошуа Џексон.