Актерите контра Академијата за филмска уметност: Оскарите не се единствени награди

САД – Најголемиот синдикат на актери во САД ги обвини организаторите на „Оскарите“ дека се обидуваат да ги заплашат познатите личности за да не презентираат на конкурентните доделувања на награди.

Во изјава без преседан, Унијата на филмски актери (SAG-AFTRA) ја обвини Академијата за филмска уметност за „бесрамни тактики на притисок“.
Сојузот од 160 илјади членови соопшти дека реагирале на големиот број на пријави во Холивуд дека Академијата ги притиска актерите да не се појавуваат или да присуствуваат на церемониите за доделување награди освен на „Оскарите“, кои се одржуваат на 24 февруари.

Изјавата на сојузот на актери беше издадена бидејќи Академијата сè уште нема домаќин за „Оскарите“ само шест недели пред церемонијата и бара големи имиња на презентери да се привлечат поголем број на гледачи.

Организаторите на „Оскарите“, последната церемонија во долгиот круг на доделување на гради и црвени килими во јануари и февруари, се обидуваат да го обноват шоуто откако рејтингот на ова најпрестижно доделување филмски награди падна најниско досега со шоуто во 2018 година.

Академијата не коментираше на обвинувањата на сојузот, кои беа објавени две недели пред актерите да имаат свои „САГ“ (од сојузот на актери) награди во Лос Анџелес на 26 јануари.

Сојузот на актери соопшти дека добил „голем број на пријави” за притисокот од Академијата, како и искуства од прва рака на „обидот за контрола на наградните манифестации“.

„Очигледниот обид на Академијата да ги спречи нашите членови да презентираат на сопствените филмски награди е срамна и неприфатлива”, се вели во соопштението на „САГ“.

„Актерите треба да бидат слободни да прифатат каква било понуда за учество во било какви прослави во филмската индустрија”, додаде тој, опишувајќи ги тактиките на Академијата како „заплашување во сопствена корист”.

„Оскарите“ најверојатно  ќе се одржат без домаќин по само вторпат во својата 91-годишна историја, откако комичарот Кевин Харт минатиот месец се повлекол два дена откако беше најавен, бидејќи се појавија негови поодамнешни хомофобични твитови. Имаше еден краток обид да го вратат назад, за кој се залагаше и комичарката Елен Деџенерис, кој не беше успешен и сѐ уште не е објавена негова замена.

Американската телевизиска публика за „Оскарите“ во 2018 година достигнаа најниско ниво од 26,5 милиони гледачи, поради што Академијата се обврза да го скрати шоуто за околу 30 минути до три часа и да им додели некои награди за време на рекламите.

Номинациите за Оскар 2019 година ќе бидат објавени на 22 јануари.