Ако сакаме пониски сметки за парно ќе треба да штедиме на греење

Доколку граѓаните сакаат да добиваат сити сметки како и досега ќе мора за 30% да ја намалат потрошувачката на топлинска енергија во своите домови. Ова е одговорот на БЕГ за тоа дали новите мерачи кои секое домажинство ќе треба да ги постави на своите радијатори ќе ја намалат или зголемат сметката за парно.

-Корисник кој живее во просечен стан од 60 метри квадратни ќе почне да остварува финансиски заштеди доколку заштедите на топлинска енергија изнесуваат над 30 отсто на годишно ниво, односно при 30 отсто заштеда на енергија, финансиската заштеда изнесува 0 проценти. При 35 отсто заштеда на енергија финансиската заштеда зинесува околу 120 евра за 10 години, односно 4,3 отсто пониски месечни фактури од сегашните. За остварување 35 отсто заштеда на енергија потребно е просечната собна температура да се намали за 5 степени Целзиусови, што е под стандардите за здраво живеење, соопштуваат од БЕГ.

Дел од експертите семтаат дека псотавувањето на мерачи на радијаторите ќе ја зголемат цената на парното.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев кажа дека попставувањето на мерачите нема да го плаќаат граѓанитеи дека државата ќе најде начин како да ги обезбеди.