Аки пак на сцена: Камбек на пејачот по мозочниот удар

Хрватска- Аки Рахимовски (63) , пејачот на култниот „Парни ваљак“ по мозочниот удар се опоравуваше во бања, ги остави цигарите, кафето, алкохолот и зачинетата храна и сега, вели, дека е како нов.

Групата во голем стил за неколку недели се враќа на сцената. По пет месеци пауза заради здравствената состојба на Аки, во полн состав се среќава кон крајот на вгуст. Во септември ќе вежбаат а со концерти се враќаат во октомври. На почетокот на есента излегува и нивниот нов албум за кои песните се напишани. На 12 октомври им е првиот концерт во Шкофја Лока во Словенија.