АДИ: Нема ама, време е за „за“

Асоцијацијата за демократски иницијативи, како организација веќе 25 години активна во полето на промоција на човековите права, демократските вредности и меѓуетничките односи, смета дека референдумот на 30 септември е клучен момент за носење на храбра и зрела одлука!

„Спогодбата со Грција не значи решавање на сите проблеми, наталожени со децении, како што се партизирано општество, етноцентризам, пракса на неказнивост, корупција. Спогодбата е јасен и недвосмислен услов за влез на Македонија во НАТО и ЕУ. И тука нема никаква дилема! Алтернативата е изолираност и неизвесност за иднината на државата.

Сите очекуваме отварање на нови перспективи за младите, почитување и унапредување на човековите права, лесен пристап до правда и правичност. Оваа недела е токму моментот кога мора да се направи вистинскиот потег, да донесеме конечна одлука, којашто ќе значи ново поглавје во демократскиот развој на нашето општество.
Одлуката е наша, да излеземе и да гласаме“, нагласуваат од АДИ.