Адеми со два гола го дотолчи Хапоел

Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми постигна два гола во високата победа на неговиот Динамо против израелскиот шампион Хапоел Бер Шева (5-0) во квалификациите од фудбалската Лига на шампиони. Адеми, кој ја носеше капитенската лента, погоди во второто полувреме, стрелец беше на третиот и на четвртиот погодок во период од само 11 минути. Во листата на стрелците се запишаа и Хајровиќ, Оршиќ и Хоџиќ. Покрај двата гола, Адеми господареше на теренот, навистина беше уживање да се следи неговата игра.

„Головите не ми се важни, се колнам во мајка ми. Важно ми е само тимот да победува, а овој Динамо може навистина многу. Допрва ќе видите колку е силен“, изјави Адеми по мечот.

Минатата недела, загрепските „модри“ одбија 3.8 милиони евра колку што за него понуди француски Лил. Реванш-мечот со Хапоел се игра во вторник од 19 часот, но веројатно ќе биде само формалност. Во следната рунда, хрватскиот шампион ќе игра со подобриот од мечот меѓу Астана и Мидјиланд. Првиот меч со Казакстан заврши со победа на домаќинот од 2-1.