Адвокатот на Пуџдемон обвинува: Шпанија оди кон диктатура

Белгискиот адвокат на поранешниот претседател на каталонската регионална Влада, Карлес Пуџдемон, Пол Бекарт, коментирајќи го вчерашното апсење на неговиот клиент во Германија, оцени дека Шпанија оди кон диктатура.

– Има многу причини поради кои Германија може да го отфрли европскиот налог за апсење, меѓу другото затоа што се користи за затворање на политички опоненти. Претпоставувам и дека судијата ќе го земе предвид и фактот ото Шпанија оди кон диктатура, дека нема повеќе демократија, затоа што оние кои беа избрани се во затвор, рече Бекарт.

Поранешниот каталонскиот лидер беше уапсен вчера во Германија додека патувал кон Белгија каде престојува веќе пет месеци откако Парламнетот на Каталонија унилатерално прогласи независност.

Шпанија издаде европски алог за негово апсење поради „поттикнување на бунт“.

Германскиот суд има рок од 48 часа по апсењето да се произнесе за негово условно ослободување и 60 дена да се изјасни за содржината на налогот издаден од Шпанија.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, белгискиот адвокат изјави и дека ќе продолжи да го застапува Пуџдемон.