Адам Левин од „Марун 5“ стана татко по втор пат

САД- Вокалистот на „Марун 5“ Адам Левин и неговата сопруга, манекенката Бехати Принслу го поздравија своето второ дете, повторно девојче.Според Е! News малата сестричка на веќе 15-месечната Дасти Роуз е именувана Гео Грејс, но оваа вест допрва треба да биде споделена од среќните родители.

38-годишниот пејач и партнерката објавија официјално дека се во очекување на своето второ чедо во септември минатата година. Пред тоа манекенката на “Викторијас Сикрет” веќе ја беше споделила среќната вест, објавувајќи во “Инстаграм” профилот свое селфи со веќе доста подзатскриен стомак и наслов “Втора рунда”.

Левин и Принслу се во врска 5 години, а од 2014 година се во брак.