Автомобил излета кај Гостивар, загина возачот

Дваесет и едногодишно момче од гостиварско Падалиште загина во сообраќајна несреќа што се случи во саботата околу 13 часот во близина на селото. Според полицијата, А.Б. (21), управувајќи автомобил „фиат панда“ со италијанска регистрација, изгубил контрола и излетал од патот. Заедно со двајцата сопатници, итно биле пренесени во гостиварската болница. Кај него е констатирана смрт, додека едниот од повредените е пренесен во скопскиот Ургентен центар. Се истражуваат причините за несреќата.