Автобус удри жена кај Новата железничка станица

Жена претпладнево е повредена кога во неа удри автобус кај Железничката станица во Скопје.

Сообраќајката, како што изјавија од МВР за МИА, се случила на улицата „Кузман Јосифовски – Питу“ на потегот од Железничката станица кон Аеродром.

Повредената жена, која според првичните информации, има околу 50-тина години, е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Случајот во полиција е пријавен во 11:15 часот.