Автобусот на линија „50“ повторно ќе вози низ ГТЦ

Од утре повторно автобусите ќе минуваат на постојката во подрумот на Градски трговски центар. Засега, таму ќе се врати само автобусот со број „50“, но не и „57“ како некогаш. На линијата ќе возат 10 автобуси, од украинските.

Постојката беше надвор од употреба, бидејќи двокатните автобуси не може да минуваат низ подрумот.

Сегашното раководство на ЈСП, одлучи дел од украинските автобуси што сообраќаат на други линии, да пренамени токму на „50“.