Автобусот кон Средно Водно ќе вози од 7,30 часот наутро

Автобусите на линијата број 25, од Транспортен центар до Средно Водно ќе возат од 7,30 часот наутро. Терминот за поаѓање на автобусот предвиден во 8 часот се менува за половина час порано, за време на викендите и државните празници. Измената во поаѓањето, според ЈСП, е по барање на планинарите и поради високите температури во летниот период. Останатите поаѓања ќе се реализираат според важечкиот утврден возен ред.

Во викендите и за време на државните празници, возењето со автобусот на линијата 25 е бесплатно за сите граѓани, а истото важи и за сродните лини 25А и 25Б, кои сообраќаат до Средно Водно, а тргнуваат од Стара железничка станица, односно од Дом на печат. Истото се однесува и за линијата 28 која вози од Транспортен центар до Македонско село во Нерези.

ЈСП информира дека од денеска автобуската постојка кај џамијата Јаја-паша кон Бутел е поместена за стотина метри по пешачкиот надвозник, односно стојалиштето сега е пред ОУ „Лирија“. Поместувањето на постојката е поради безбедносни причини, бидејќи на претходната локација, поради голема фрекфенција на луѓе и возила, често се случуваа незгоди.