Автобуската во ГТЦ утре ќе биде затворена

Автобуската постојка во подрумот на ГТЦ утре од пладне, па до наредниот ден во утринските часови нема да биде во функција. Автобусите на линијата „50“ во тој период ќе ја користат постојката до паркот Жена борец.

Пренасочувањето е поради централниот настан во рамки на манифестацијата „Зборува Скопје“ кој ќе се одржи во Графити галеријата во ГТЦ.