Аврамопулос: Договорот од Преспа не е урамнотежен и затоа е проблематичен

Двајца еврокомесари,Гркот Димитрис Аврамопулос и Романката Корина Крецу, во последните 24 часа излегуваат со дијаметрално различни ставови во однос на дебатата што за Преспанскиот довор и очекувањата од него се води во грчкиот Парламент. Аврамопулос, како комесар за миграциска политика на ЕУ и поранешен грчки министер за надворешни работи изјави дека „Договорот од Преспа не е урамнотежен, а со тоа е и проблематичен“, додека Крецу, како евокомеасар за регионален развој, изрази надеж дека Договорот што поскоро ќе биде имплементиран, пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА.

-Едно е географска одредница за која сите влади се согласувавме, а друго е историска одредница што се обидува да се постигне преку договорот. Националност и јазик значат национално постоење и даваат можност за иредентистички националистички политики, изјави Аврамопулос, пренесе АНА-МПА, а јави дописничката на МИА од Атина.

Тој додава дека владата наместо да ги игнорира партиите, требала да се стреми кон национален консензус пред да го постигне договорот.

Наспроти Аврамопулос, еврокомесарката за регионален развој Кортина Крецу, смета дека Преспанскиот договор што поскоро ќе биде имплементиран, и дека наскоор ќе прочне тријалогот меѓу Скопје, Атина и Брисел.

ЕК и Европскиот парламент се подготвени уште утре да го почнат дијалогот и се надеваме дека тоа ќе се случи, рече Крецу.