Авио-компаниите признаа дека имаат камери во седиштата

Уредите за гледање филмови станаа секојдневие во авионите, а изгледаат како вградени таблети, со голем број филмови и музика, што помагаат при долгите летови.
Имено, патниците, неодамна забележаа дека тие уреди во компаниите на „Американ ерлајнс“ и „Сингапур ерлајнс“, имаат вградени камери.
Двете компании во соопштенија за јавност потврдија дека постојат камери, но дека не се во функција, и дека никогаш нема да бидат. Како што наведуваат, уредите ги прави трета компанија, а камерите се вградени доколку во иднина бидат овозможени видео-повици во текот на летот.
За „Американ ерлајнс“ уредите ги прави Пнасоник, а за „Сингапур ерлајнс“ – Панасоник, но и Талес.