Вонредна состојба во Врање, во Србија нови 242 заразени, четворица починати


Според последните информации, во Србија од корона вирус заразени се уште 242 луѓе. Од последиците од Ковид-19 починаа четворица.

Поради зголемениот број заразени, Кризниот штаб одлучи од вторник во Белград да биде задолжително носење маски во сите затворени простории, не само во јавниот превоз. Вонредна состојба прогласена е во Врање.