Во Индија почнаа првите клинички испитувања со вакцината „Коваксин“


Индија ги почна првите клинички испитувања на пробната вакцина против коронавирусот, во време кога земјтаа се наоѓа на третото место во светот со повеќе од 1,3 милиони заразени со Ковид-19.

Властите потврдија дека првата доза на пробната вакцина „Коваксин“ денеска му е дадена на еден волонтер, јавија американските медиуми.

„Коваксин“ е една од дваесетината вакцини што во моментот минуваат низ клинички испитувања во целиот свет.

Според американските медиуми, Индија од неодамна бележи драстично зголемување на бројот на лица со Ковид-19 во четвртина од вкупно 36-те федерални држави и територии во земјата.