Во Хавана повторно воведен карантин


 

Кубанските власти во саботата повторно воведоа строг карантин во Хавана поради зголемениот број нови случаи со корона вирс, па ги затворија рестораните, баровите и базените, го сопреа јавниот превоз и забранија пристап на плажа.

Куба, се фали дека има ретко успешна приказна во Латинска Америка кога станува збор за сузбивање на корона вирусот, па минатиот месец ги ублажила мерките откако вројот на новозаразнеи падна на само неколку дневно. Но во последните две недели бројките стигнаа на нивото од април.

Министерството за здравство денеска пријави 59 нови случаи и предупреди дека ситуацијата може да излезе од контрола ако властите ништо не преземат.

Кубанскиот здравствен состав е заслужен, заедно со мерките како што се строга изолација на заболените и нивните контакти, што бројот на заболени е помал од 2.900, а починаа 88 луѓе од 11 милиони жители.

Многу од новите случаи, 41 од пријавените 59 во саботата, се увезени од Венецуела. Се работи веројатно за здравствени работници кои работат таму. а чиј бројсе проценува на 20.000.

Сите патници кои влегуваат во земјата мора да поминат 14-дневен карантин во државна установа.