Уште 62 новозаболени со Ковид-19 во Хрватска


 

Во изминатите 24 часа во Хрватска потврдени се 62 нови случаи со корона вирус, со што бројот на активни случаи порасна на 553.

Изминатиот ден тестирани се 1.093 примероци, пренесе Index.hr.

Во болница се лекуваа 122 пациенти, од кои седум на респиратор.

Од почетокот на епидемијата во Хрватска забележани се 5.466 случаи со корона вирус, а починаа 155 пациенти. До денеекса вкупно се тестирани 126.410 примероци.