Реакција на Општина Тетово: Градскиот стадион да се користи само за фудбалски натпревари во Првата лига


Општина Тетово испрати реакција по вчерашното соопштение на ФК Тетекс во кое клубот посочи дека не им е дозволено користење на двата фудбалски стадиони и немањето резултати од повеќемесечни безуспешни обиди за договор со општината. Општина Тетово смета дека досега имале коректен однос со клубовите и нивната медиумска реакција била непотребна. За користење на стадионот …

Реакција на Општина Тетово: Градскиот стадион да се користи само за фудбалски натпревари во Првата лига Read More »

Многу губитници од великоалбанскиот инцидент во Тетово, добитник само Вучиќ


  Кој би можел да се пофали со некаква корист од изложувањето на мапата на „Голема Албанија“ на собирот во Тетово во чест на косовскиот премиер Албин Курти. Веројатно никој во Македонија (или малкумина), додека вистинскиот добитник е политичарот надвор од државава, српскиот претседател Александар Вучиќ. Вучиќ инстантно се обиде да ја искористи шансата што …

Многу губитници од великоалбанскиот инцидент во Тетово, добитник само Вучиќ Read More »

Остра реакција на Пендаровски: Иконографијата во Тетово разгорува етничка омраза


  Претседателот Стево пендаровски се надоврза на редицата осуди што стигнаа по собирот во тетово во чест на косовскиот премиер Албин Курти, каде што беше истакнато знаме на Голема Албанија. Пендаровски вели дека со „националистичката иконографија што промовира великодржавни шовинистички идеи претставува разгорување на етничка омраза и нетрпеливост“ и тоа во деновите кога се одбележува …

Остра реакција на Пендаровски: Иконографијата во Тетово разгорува етничка омраза Read More »

Доаѓањето на Курти го парализира Тетово


Утре, петок 11 август во Тетово, по повод престојот на официјална делегација на Република Косово, Секторот за внатрешни работи Тетово ќе воведе посебен сообраќаен режим во централното подрачје во периодот од 5 часот наутро до завршувањето на официјалната посета. Според информациите од Општина Тетово делегацијата на Косово, предводена од премиерот Албин Курти ќе ја посети …

Доаѓањето на Курти го парализира Тетово Read More »

Ќе се сели тетовската библиотека во несоодветни простории, објектот што го чекаат готов во 2027 година?


Вработените во тетовската библиотека „Кочо Рацин“ алармираат дека иницијативата од страна на Министерството за култура за нивно преместување во друг дел од Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ ќе ја отежни работата, а просториите не се соодветни за библиотечна дејност. Првично, предвидено е библиотеката да се премести во соседните простории кои досега ги користеше Факултетот за …

Ќе се сели тетовската библиотека во несоодветни простории, објектот што го чекаат готов во 2027 година? Read More »

Одземени ингеренциите на тетовскиот градоначалник за гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“


Министерот за образование ја одзеде надлежноста на градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами за работењето на гимназијата во траење од 12 месеци, соопштија од МОН. Ова е направено, поради неможноста гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ да ги плати сметките за струја, поради што таа е исклучена во објектот. – Ова училиште од денеска е без струја, токму …

Одземени ингеренциите на тетовскиот градоначалник за гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ Read More »

Поднесе оставка в.д. директорот на Клиничка болница Тетово Плумб Вела


 В.Д. директорот на Клиничка болница Тетово Плумб Вела поднесе оставка поради лични причини. Тој функцијата ја извршува од 28 март, како кадар на партијата Алијанса за Албанците. – Денес од лични и здравствени причини поднесов оставка на функцијата в.д директор на Клиничката болница во Тетово. Оставката е доставена до архивата на болницата во Тетово и …

Поднесе оставка в.д. директорот на Клиничка болница Тетово Плумб Вела Read More »

Тетово смрди – Касами ќе испрати дополнителни контроли


И понатаму во делови од Тетово во вечерните часови се чувствува непријатна миризба на изгорен смет и запалена пластика. Граѓаните како и на крајот на јуни со дописи до нашата редакција посочуваат дека тешко се дише навечер во градот и бараат од општината да се најде решение. Тетовчани се жалат дека поради ѓубрето што го …

Тетово смрди – Касами ќе испрати дополнителни контроли Read More »

Седум хорови ќе ја отворат првата фестивалска вечер на ТЕХО во Тетово


 Со настап на седум хорови од Тетово, Скопје, Гевгелија, Скадар(Албанија),  Ниш(Србија) и Нов Зеланд вечерва во Центарот за култура во Тетово почнува најновото издание на Меѓународниот хорски фестивал ТЕХО.  Пред отворањето и првиот ден од фестивалот во фоајето на Центарот ќе има изложба на плакати, фотографии и материјали од сите досегашни фестивалски изданија. Дел од …

Седум хорови ќе ја отворат првата фестивалска вечер на ТЕХО во Тетово Read More »

Условни казни за директорите Бесими и Етеми за пожарот во тетовската болница, докторот е ослободен


Поранешниот директор на болницата во Тетово, Флорин Бесими, поранешниот економски директор на болницата Артан Етеми и докторот Бобан Вучевски се огласени за виновни за пожарот во тетовската модуларна болница. Според судијата Јордан Велковски, тие предизвикале опасност за животот на пациентите и нивните роднини кои биле во болницата во критичниот момент. Смртта на сите лица кои …

Условни казни за директорите Бесими и Етеми за пожарот во тетовската болница, докторот е ослободен Read More »

Денеска пресуди за обвинетите за пожарот во модуларната болница во Тетово


Во Основниот суд во Тетово денес во 12 часот треба да биде изречена пресудата за обвинетите во судскиот процес за пожарот во модуларната болница што се случи на 8 септември 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе. На 29 мај беа искажани завршните зборови на Обвинителство и адвокатите на обвинетите по што судијата Јордан …

Денеска пресуди за обвинетите за пожарот во модуларната болница во Тетово Read More »

Честите врнежи од дожд помогнаа да има чист воздух во Тетово


Чист воздух е придобивката во Тетово тоа што изминативе месеци често пати имаше дожд, вели специјалистот по здравствена екологија и хигиена д-р Ратко Давидовски од тетовскиот Центар за јавно здравје кој ги анализирал состојбите овие три месеци. Параметрите кои се евидентирани преку Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентален воздух за Тетово покажуваат дека …

Честите врнежи од дожд помогнаа да има чист воздух во Тетово Read More »

Пресудата за модуларната болница во Тетово на 5 јуни


Во Основниот суд во Тетово денес се одржаа завршните зборови на Обвинителството и одбраната на обвинетите кои се товарат за неколку кривична дела поврзани со пожарот во модуларната болница во септември 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе. По речиси час и половина образложување, судијата Јордан Велковски истакна дека заврши главната расправа и дека …

Пресудата за модуларната болница во Тетово на 5 јуни Read More »

Изложба „Го сакам Охрид…ама го љубим и Тетоо“ на Ѓоко Симјаноски во Тетово


Ликовната изложба „Го сакам Охрид…ама го љубим и Тетоо“ на охридскиот сликар Ѓоко Симјаноски ќе биде поставена утре, петок 26 мај, во Музеј на тетовски крај, поранешен Дом АРМ, со почеток во 19 часот. Станува збор за целина од 45 охридски и тетовски мотиви, во сув пастел. Петнасетина слики го претставуаат Тетово, а триесетина слики …

Изложба „Го сакам Охрид…ама го љубим и Тетоо“ на Ѓоко Симјаноски во Тетово Read More »

ТикТок анестезиологот од Tетово призна вина и доби 15 месеци затвор


  Анестезиологот Ваљтон Дервиши од тетовската болница денеска седна на обвинителка клупа за обвинението што Основното јавно обвинителство (ОЈО) Тетово му го поднесе поради тоа што снимаше пациентки и видеото го објави на социјалната мрежа ТикТик, пренесе „360 степени“. Тој денеска призна вина и рече дека се кае за стореното, а тетовскиот суд уште истиот …

ТикТок анестезиологот од Tетово призна вина и доби 15 месеци затвор Read More »

Малтретираното дете од Тетово било жртва на трговија со луѓе, потврди Спасовски


Станува збор за трговија со луѓе, практично трговија со дете кое честопати било злоупотребувано, за случајот е откриено преку криминалистички истражувања и информации кои ги споделуваат колегите во МВР, информира денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Одговорајќи на новинарско прашање во врска со последниот случај со подведувањето на 14-годишно девојче од страна на 11 …

Малтретираното дете од Тетово било жртва на трговија со луѓе, потврди Спасовски Read More »

Одземена лиценцата на анестезиологот од болницата во Тетово


  Судот на честа при Лекарската комора на  Македонија на денешната седница донесе одлука за привремено одземање на лиценцата за работа на д-р Ваљтон Дервиши, специјалист анестезиолог, вработен во ЈЗУ Клиничка болница Тетово. Лиценцата за работа на докторот привремено се одзема за период од седум години, што согласно правните прописи е максимална казна што може …

Одземена лиценцата на анестезиологот од болницата во Тетово Read More »

На докторот од Тетово може доживотно да му се одземе лиценцата


Анестезиологот Ваљон Дервиши од Тетовската болница може да остане без лиценца за работа доживотно, но откако ќе заврши судскиот процес, потврди министерот за здравство Фатмир меџити. Тој рече дека на докторот лиценцата му е одземена на седум годинии, а тој во моментот е во притвор осум дена. Непотврдените тврдења дека истиот дотор знаел да дојде …

На докторот од Тетово може доживотно да му се одземе лиценцата Read More »

Утре пренасочување на сообраќајот накај Стража, ќе има пригодна свеченост


Секторот за внатрешни работи Тетово ги известува и посетува граѓаните дека утре, вторник, 4 април 2023 година, од 11 часот и 45 минути до 13 часот и 15 минути, на потегот од Стража до тетовски Групчин, ќе се воведе посебен сообраќаен режим поради одржување на пригодна свеченост по повод започнувањето на градежните работи на автопатот …

Утре пренасочување на сообраќајот накај Стража, ќе има пригодна свеченост Read More »

Сведоштва: Во модуларната болница во Тетово што изгоре имало противпожарен апарат


Со сослушување нови сведоци предложени од Обвинителството и од одбраната на обвинетите, денеска продожи судскиот процес за пожарот во тетовската модуларна болница. Сослушани беа универзитетските професори Влатко Стоилков и Владимир Димчев од Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје. Тие во предистражната постапка изработиле вешт наод и мислење …

Сведоштва: Во модуларната болница во Тетово што изгоре имало противпожарен апарат Read More »