Касами тврди дека општината без позајмување ќе најде 10 милиони евра за реконструкција на стадионот


Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами тврди дека општината ќе најде начин да обезбеди 10 милиони евра за реконструкција или градење на нов стадион. Ова го соопшти денес на прес-конференција откако вчера преку социјалните мрежи информираше дека е отворен тендер за реконструкција на објектот. -Општината Тетово преку јавното претријатие Тетово Транспорт го распиша досега најважниот тендер …

Касами тврди дека општината без позајмување ќе најде 10 милиони евра за реконструкција на стадионот Read More »

Во фабриката во Тетовско изгореа 14 тони хемикалии


Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информира дека во повторен разговор со сопственикот на магацинот добиле имформација дека се опожарени 14 тони бои, лакови и други хемиски препарати, а не 100 како што известиле вчера. „Поголем дел од магацинот бил железарија а мал дел за бои, лакови и деуги хемиски препарати. Од …

Во фабриката во Тетовско изгореа 14 тони хемикалии Read More »

Испарувањата од пожарот во Тетово се органски, а никој во државава не мери такви материи


По големиот пожар во тетовската фабрика за бои и лакови, не се знае какви и колкави се загадувањата во воздухот, затоа што станува збор за органски материи, а во државава нема акредитирана метода за нивно мерење. Се мерат само испарувања од неоргански материи. „Во државата нема акредитирана метода којашто мери органски испарувања“, рече министерката за …

Испарувањата од пожарот во Тетово се органски, а никој во државава не мери такви материи Read More »

Двајца мажи незаконски ловеле диви свињи


Полициски службеници на СВР Тетово, вчера околу 13 часот и 10 минути ги лишиле од слобода 44-годишниот П.Ј. од тетовска Брвеница и 64-годишниот Љ.Л. од тетовско Фалише поради сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“, извести СВР Тетово. – Тие се сомничат дека претходно, за одредена сума на пари, се договориле да му отстрелаат дива …

Двајца мажи незаконски ловеле диви свињи Read More »

Општина Тетово повеќе не должи 14 милиони, туку „само“ 8 милиони евра


Општина Тетово ја информира јавноста дека долгот на општината е намален за 6 милиони евра во однос на 2021 година.   – По две години, новото раководство целосно ја промени финансиската состојба на општината. Во моментов општина Тетово има долг од 8 милиони евра, додека во 2021 година имала 14 милиони – соопштија од општината. …

Општина Тетово повеќе не должи 14 милиони, туку „само“ 8 милиони евра Read More »

Словенечка групација ќе го чисти Тетово


Градоначалникот на Тетово Биљал Касами со претставници на словенечката компанија од групацијата Саубермахер го потпишаа договорот за јавно приватно партнерство со кој на фирмата ѝ се отстапува стопанисувањето со отпадот. Касами истакна дека заедно со групацијата направени се анализи и студии во однос на управувањето со отпад, поточно за собирање и депонирање. -Должностите и обврските …

Словенечка групација ќе го чисти Тетово Read More »

НП „Шар Планина“: Општина Тетово отстранетиот асфалт го фрла во природа


Директорот на Националниот парк „Шар Планина“ Ибрахим Дехари денеска на прес-конференција ја обвини за негрижа кон природата Општина Тетово, затоа што асфалтот отстранет од улицата во викенд населбата, според него, бил оставен во природата. Тој прикажа видеоснимка на која се гледа како камион истовара градежен материјал, со порака дека секој посетител на скијачкиот центар исто …

НП „Шар Планина“: Општина Тетово отстранетиот асфалт го фрла во природа Read More »

Нефункционалноста на стручно тело причина децата со попреченост од Тетовско да не добиваат државна парична помош


Голем број семејства од Тетовско со месеци не можат да добијат термин во стручно тело кое дава наод за попреченост кај деца, по што се лишени од основата да остварат право за добивање надоместок. Станува збор за износи како посебен додаток за деца до 26 години со попреченост од само 7000 денари месечно. – Моето …

Нефункционалноста на стручно тело причина децата со попреченост од Тетовско да не добиваат државна парична помош Read More »

Пензионерите од Тетово го блокираа влезот во градот, бараат повисоки пензии


Тетовските пензионери го блокираа влезот во градот со цел јавно да ги изразат барањата за повисоки пензии. Тие од 9 часот утринава се собраа на крстосницата на булеварите „Маршал Тито“ и „Видое Смилевски-Бато“ и го блокираа сообраќајот повеќе од половина час. Тие носеа и транспаренти на кои беа испишани барањата за минимална пензија од 20 …

Пензионерите од Тетово го блокираа влезот во градот, бараат повисоки пензии Read More »

Реновирани една амбуланта и два оддели во тетовската болница


Министерот за здравство Фатмир Меџити со директорите на Клиничката болница Илир Демири и Блерим Османи одржаа прес-конференција на која соопштија дека се завршени работите за два тамошни оддели и една амбуланта. Министерот Фатмир Меџити во изјавата за медиумите оцени дека со тоа заокружен е еден значаен проект за Клиничка болница Тетово. – На пациентите им …

Реновирани една амбуланта и два оддели во тетовската болница Read More »

Тетовец ги претепал сопругата и малолетниот син


Триесет и четиригодишна жителка на тетовско село Желино ноќеска во 1 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавила дека нејзиниот сопруг, 39-годишниот В.З. од истото село, околу 19 часот и 30 минути во семејниот дом физички ги нападнал неа и малолетниот син, извести СВР Тетово. Се расчистува и документира случајот.  

Пожарот кај Милетино се гасне и од воздух – гори борова шума


Центарот за управување со кризи (ЦУК), известува дека полета еден авион на ДЗС, а втор авион се подготвува, за дејствување на реактивираниот пожар на тешко пристапни места кај селото Милетино во Општина Брвеница, каде што пожарот зафати борова шума.   Инаку, Регионалниот ЦУК Тетово информира дека врз пожарот на терен, од разденување, утрово интервенираат 15 …

Пожарот кај Милетино се гасне и од воздух – гори борова шума Read More »

Тешко повредена девојка од Тетово во судир на мопед и автомобил


Дваесет и четиригодишна девојка од Тетово е тешко повредена во сообраќајна незгода што попладнево се случила околу 17:30 часот. -Се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „мерцедес” со тетовски регистарски ознаки управувано од Љ.Х (21) од тетовска Стримница и мопед, исто така, со тетовски ознаки што го управувала 24-годишната тетовка Е.З. Во …

Тешко повредена девојка од Тетово во судир на мопед и автомобил Read More »

Тетовската библиотека доби рок од Владата за преместување, вработените бараат соодветни услови за работа


Во тетовската библиотека „Кочо Рацин“ пристигнале владините одлуки за нивно преместување во други простории на Центарот за култура, но вработените бараат заедно со Министерството за култура да се најде посоодветно решение. Вработените повторно јавно реагираат и алармираат за несоодветните услови за работи кои би ги имале соседните простории каде Владата им наложи да се преместат. …

Тетовската библиотека доби рок од Владата за преместување, вработените бараат соодветни услови за работа Read More »

Советот на Општина Тетово одобри јавно-приватно партнерство за собирање и депонирање смет


 Советот на Општина Тетово на денешната 19-та седница изгласа одлука со која се одобрува јавно-приватно партнерство за собирање и депонирање смет. Општината претходно спровела тендер на кој е избрана фирма од Словенија да ја врши оваа услуга. На тендерот му претходеше и физибилити-студија за оправданоста на јавното приватно партнерство. – За најповолен понудувач се избра …

Советот на Општина Тетово одобри јавно-приватно партнерство за собирање и депонирање смет Read More »

Со 7,5 милиони евра се рехабилитира автопатот Скопје-Тетово


Владиниот прв вицепремиер Артан Груби, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, заменик министерот Беким Реџепи, и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и директорот на Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионални патишта, Костадин Ацевски, денеска извршија увид на рехабилитација на автопатската делница А2 или од Скопје – Тетово. Според …

Со 7,5 милиони евра се рехабилитира автопатот Скопје-Тетово Read More »

Семејствата на починатите во пожарот во модуларата болница бараат ново обвинение


Претставници на семејствата на 14 луѓе кои го загубија животот во пожарот во модуларната болница во Тетово на 8 септември 2021 година преку јавни протести ќе бараат да има ново обвинение. Тие денеска во СВР Тетово пријавија дека во петок 8 септември на двегодишнината од пожарот ќе организирааат марш и јавен протест со барање да …

Семејствата на починатите во пожарот во модуларата болница бараат ново обвинение Read More »

Со години нема решение за депониите пред тетовските градинки


Сите тетовски градинки без исклучок се места каде има огромни купишта смет оставени покрај преполните контејнери, па наликуваат на депонии среде урбана средина. Кај градинката Поток, комуналното претпријатие ги отстрани контејнерите од пред објектот, со цел да се оневозможи оставање смет пред самиот влез. Поставен беше само еден контејнер во дворот, одзади објектот за потребните …

Со години нема решение за депониите пред тетовските градинки Read More »

Делови од Тетово над 24 часа без вода поради поголем дефект на редуктор


Жителите на Тетово во источниот дел од градот над 24 часа останаа без вода за пиење, поради поголем дефект. Според информациите на Јавното комунално претпријатие Тетово дефектот е поправен и во текот на денот водоснабдувањето ќе се нормализира. – Цел ден, вчера вторник немавме вода. Проблемот е и во тоа што кога се јавивме во …

Делови од Тетово над 24 часа без вода поради поголем дефект на редуктор Read More »

Во Тетово ќе се основа Државен студентски дом, ќе има капацитет од 300 легла


На предлог на Министерството за образование и наука, Владата на денешната седница донесе одлука за основање Државен студентски дом „Тетово“ во Тетово кој ќе има капацитет од 300 легла.    Како што информира владината прес-служба, потребниот кадар, опрема и други услови за работа на новиот студентски дом во Тетово се предвидени согласно со нормативите и …

Во Тетово ќе се основа Државен студентски дом, ќе има капацитет од 300 легла Read More »