За 60 лица со најтешка попреченост во нивните домови ќе се грижат негуватели


На околу 60 лица со најтешка попреченост, односно комбинирана попреченост со највисок степен, потполно слепи лица, стари лица со навршени 65 години живот и други лица со намален функционален капацитет кои не можат сами да се грижат за себе, од Струмица отсега ќе им биде достапна услугата помош и нега во домот. Услугата ќе ја …

За 60 лица со најтешка попреченост во нивните домови ќе се грижат негуватели Read More »

Нова социјална услуга во Струмица, помош и нега во домот за лица над 65 години


На Домот за стари лица „Отворено срце“ – Струмица денеска ќе му биде доделена дозвола за вршење дејност од социјална заштита за давање на социјалната услуга помош и нега во домот. Како што информира ресорното министерство, на настанот ќе биде означен почетокот на давањето на оваа нова социјална услуга на територијата на општина Струмица. Услугата …

Нова социјална услуга во Струмица, помош и нега во домот за лица над 65 години Read More »

Премиера на „Паника во хотел Палас“ во Струмичкиот театар


Во Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица за задутре е закажана премиерата на комедијата „Паника во хотел Палас“ од англискиот комедиограф Реј Куни, во режија на Коле Ангеловски, кој го направи и преводот и адаптацијата. Според режисерот, оваа комедија досега не е изведувана во македонските театри, а „Паника во хотел Палас“ не се разликува од …

Премиера на „Паника во хотел Палас“ во Струмичкиот театар Read More »

Струмица бара намалување на ДДВ за гасот на 5 отсто за да им се помогне на стопанствениците


Струмица е исклучително добар пример како локалната самоуправа може да се справи со кризата. Таа е единствена општина во која локалната самоуправа има обезбедено субвенции и за граѓаните, но и за стопанствениците за да се справат со енергетската криза, рече заменик претседателот на Владата за економски прашања, Фатмир Битиќи, на денешниот работен појадок со струмичките …

Струмица бара намалување на ДДВ за гасот на 5 отсто за да им се помогне на стопанствениците Read More »

Танкица Стојанова в.д. директорка на Центарот за култура во Струмица


Министерството за култура ја назначи актерката Танкица Стојанова за в.д. директорка на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, откако досегашен вршител на оваа функција беше Боби Ѓошиќ. Веста за МИА ја потврдија од Центарот за култура. Стојанова е дел од ансамблот на Театарот „Антон Панов“ и до изборот на нов директор таа ќе раководи со оваа …

Танкица Стојанова в.д. директорка на Центарот за култура во Струмица Read More »

Утре завршуваат карневалските празнувања во Струмица


 Осумдневните карневалски празнувања во Струмица завршуваат утре кога карневалистите ќе му го вратат клучот од градот на градоначалникот, Костадин Костадинов. Вечер ќе бидат доделени наградите на најдобрите карневалски групи, а празнувањето продолжува со забавата насловена како Карневалско село на Плоштадот „Гоце Делчев“. Според претседателот на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов, по две години …

Утре завршуваат карневалските празнувања во Струмица Read More »

(Фото) Кралот објави: „Време е, нека почне Струмичкиот карневал“


Кралот вечерва објави: „Време е, нека почне Струмичкиот карневал“. И почна. По две години пауза Струмица повторно ја затресе карневалската треска. Потече реката од маски исполнета со милион различни бои и карневалски креации, а први настапија струмичките мажуретки кои добро ја затоплија многубројната публика на плоштадот „Гоце Делчев“ и низ улиците на градот. Во дефилето …

(Фото) Кралот објави: „Време е, нека почне Струмичкиот карневал“ Read More »

Карневалските празнувања во Струмица вечер кулминираат со дефилето на карневалските групи


Вечер во Струмица, кога кралот на карневалот на своите поданици ќе им соопшти дека вековната традиција на струмичани може да почне, низ улиците на градот ќе потече река од маски. Дваесетина домашни карневалски групи и три од Србија и Грција ќе ги претстават своите маски и со настап пред жири комисијата на плоштадот ќе се …

Карневалските празнувања во Струмица вечер кулминираат со дефилето на карневалските групи Read More »

Почнуваат карневалските празнувања во Струмица


Со симболично предавање на клучот од градот од страна на градоначалникот на карневалистите вечерва во Струмица почнуваат осумдневните карневалски празнувања, кои ќе траат до 9 овој месец. По предавањето на клучот ќе се одржи промоција на монографијата „Струмичко чудо“ и ќе се доделат благодарници на карневалски групи, спонзори и институции кои дале придонес за Струмичкиот …

Почнуваат карневалските празнувања во Струмица Read More »

„Литература.мк“ отвора книжарница во центарот на Струмица


Со попусти, подарок-картички за лојалност, добра музика и вкусно кафе, на 19 февруари (сабота), во 13 часот, ќе биде отворена новата книжарница на „Литература.мк“ во Струмица. Кафе-книжарницата се наоѓа во центарот на градот, на ул. „Благој Јанков-Мучето“, бр. 4. Станува збор за прва книжарница на „Литература.мк“ во Струмица, а вкупно осма, по „Literatura.mk Superstore“ во …

„Литература.мк“ отвора книжарница во центарот на Струмица Read More »

Бектеши: Заинтересирани сме за создавање на гасоводот Петрич-Струмица


 Заинтересирани сме за создавање на гасоводот Петрич-Струмица,  рече министерот за економија на Северна Македонија, Крешник Бектеши за БНТ, истакнувајќи дека цел на Владата е продлабочување на соработката со Бугарија, како и со другите соседни земји, јави дописникот на МИА од Софија. Тоа, посочи Бектеши, важи и за енергетскиот сектор, особено за диверзификацијата и снабдувањето со …

Бектеши: Заинтересирани сме за создавање на гасоводот Петрич-Струмица Read More »

Двајца струмичани пренесувале 44 грама марихуана од Ресен во Битола


 Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Струмица, кои пренесувале марихуана на патот Ресен-Битола. Тие се осомничени за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата соизвршители, …

Двајца струмичани пренесувале 44 грама марихуана од Ресен во Битола Read More »

Бочварски: Разговараме со Бугарија за изградба на интерконектор за гас од Петрич до Струмица


 Министерот за транспорт врски, Благој Бочварски денеска потврди дека меѓу комисиите за транспорт и инфрастуруктура на владите на Северна Македонија и Бугарија е разговарано за изградба на интерконтекторот за гас од Петрич до Струмица. -Со министерот за енергетика на Бугарија веќе разговарав и побарав тоа да биде еден од идните приоритети на двете држави. Министерот …

Бочварски: Разговараме со Бугарија за изградба на интерконектор за гас од Петрич до Струмица Read More »

Против носење маски во училиштата, Струмица протестираше со караван


Членови на здруженијата „Слобода и правда’’ од Струмица и „Од нас за нас’’ од Скопје денеска со автомобили организираа протестен караван по улици во струмица барајки учениците во второто полугодие за време на наставата да не носат заштитни маски. Според нив како што кажаа претседателките на двете здруженија маските се штетни по здравјето на децата …

Против носење маски во училиштата, Струмица протестираше со караван Read More »

Струмичкиот карневал ќе се одржи од 2 до 9 март


Годинашниов Интернационален струмички карневал ќе се одржува од 2 до 9 март, но во редуцирано издание и со строго почитување на здравствените протоколи за јавни настани во услови на пандемија од Ковид-19. Ова го соопшти денеска градоначалникот Костадин Костадинов, кој истакна дека вековната карневалска традиција на Градот под Царевите Кули не може да има подолги …

Струмичкиот карневал ќе се одржи од 2 до 9 март Read More »

Училиштето „Видео Подгорец“ од Струмица доби сензорна соба


Стимулативни содржини во сензорната соба на ООУ „Видое Подгорец“ во Струмица од денес ќе може да се обезбедува за педагошка поддршка за учениците со образовни потешкотии. Тим лидерот на Регионалниот проект за социјални права на ранливите групи (SoRi II), Мајкл Самец истакна дека поддршката на најранливите категории е еден од приоритетите во соработката на Германија …

Училиштето „Видео Подгорец“ од Струмица доби сензорна соба Read More »

Општина Струмица поддржува почнување на стартап бизниси за 20 млади лица


Општина Струмица со буџетски средства овозможува поддршка на стартап бизниси за 20 млади невработени лица за зајакнување на нивните капцитети заради почнување сопствени бизниси во 2022 година, соопшти градоначалникот Костадин Костадинов. Според Костадинов, целта на оваа поддршка е да се поттикнат и охрабрат младите невработени лица да се вклучат во процесот за да изградат соодветни …

Општина Струмица поддржува почнување на стартап бизниси за 20 млади лица Read More »

Тетово и Струмица екстремно загадени два дена по ред


Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е …

Тетово и Струмица екстремно загадени два дена по ред Read More »

Концентрациите на ПМ10 честички во Скопје и Струмица паднаа под прагот на алармирање


Средните дневните концентрации на ПМ10 честички во воздухот во текот на вчерашниот ден беа под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на кубен метар на мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба, Лисиче и Ректорати, како и во Струмица, покажуваат податоците на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздухот (ДАМСКВ). Со ова, …

Концентрациите на ПМ10 честички во Скопје и Струмица паднаа под прагот на алармирање Read More »

Два последователни дена има надминати вредности на загадување, Владата и Градот треба да препорачаат мерки


Министерството за животна средина и просторно планирање денеска звести дека воздухот во повеќе делови од Скопје и во Струмица бил загаден над дозволеното два дена по ред. На ред се Владата и Град Скопје кои треба да донесат мерки за заштита на граѓаните од штетното влијание на загадениот воздух.  Согласно Уредба за изменување и дополнување …

Два последователни дена има надминати вредности на загадување, Владата и Градот треба да препорачаат мерки Read More »