Загина пешак на регионален пат во Струшко


Уште еден пешак настрада на македонските патишта.  На 26.05.2022 околу 21.35 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионален пат во с.Враништа, струшко, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Р.(18) од Струга, удрило во Н.П.(54) од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и бил пренесен …

Загина пешак на регионален пат во Струшко Read More »

Мазари: Пожарот не претставува опасност за викенд населбата Елен Камен


Не постои опасност од зафаќање на викенд населбата Елен Камен од пламените јазици од пожарот што попладнево ја зафати шумата над патот кон струшкото село Радожда, информира за МИА командирот на територијалната против пожарна единица – Струга Фети Мазари. Според него, викендиците се на два километра оддалеченост, а ветрот дува во спротивен правец и го …

Мазари: Пожарот не претставува опасност за викенд населбата Елен Камен Read More »

Голем пожар над Елен Камен во Струга


Голем пожар попладнево избувнал во шумата над Елен Камен во Струга, над патот за Радожда. Според информации од очевидци на местото на настанот огнот многу бргу се шири поради силниот ветер, јавува Сител. Локалните жители стравуваат дека може да бидат зафатени и куќите.  Во моментов на терен работат екипи на против пожарната бригада, но како …

Голем пожар над Елен Камен во Струга Read More »

Оштетени цевките за довод на гасови до хируршка сала во Струга


Во петокот, во 10.05 часот во СВР Охрид, Д.Д.(61) од Струга, вработен како анестезиолог во ЈЗУ„Специјализирана болница за нефрологија“-Струга, пријавил дека на 17.03.2022 во временски период од 17 часот до моментот на пријавување, непознат сторител со употреба на предмет насилно дејствувал на цевките на централниот довод за гасови на машинската куќа до салата за операција …

Оштетени цевките за довод на гасови до хируршка сала во Струга Read More »

Девет трговски субјекти во Струга не ја почитувале одлуката за ограничување на маржата


 Во само два дена контрола на струшкото одделение за инспекциски надзор при Државниот пазарен инспекторат изрекло 11 мерки над трговски субјекти во Струга и Дебар. Раководителот на одделенито во Струга Шпендим Илјази информира дека трговците на мало, пред се во големите маркети не ја почитувале одлуката за посебни услови за трговијата на одделени стоки, односно …

Девет трговски субјекти во Струга не ја почитувале одлуката за ограничување на маржата Read More »

Се возел со 100 сигнални куршуми низ Струга


Во четвртокот, во 17.50 часот во ОВР Струга, приведен е Ф.Л.(20) од Дебар. При извршен преглед на патнички автомобил „фолксваген“ со дебарски регистарски ознаки во кој се превезувал, полициските службеници кај него пронашле 100 парчиња сигнални куршуми калибар 9 милиметри што, нелегално ги поседувал. По целосно документирање, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.

Министерката за култура ги посети националните установи во Струга


Со 2,3 милиони денари, средства од Министерството за култура ќе се осовременува постојната природонаучна поставка во музејот „Д-р Никола Незлобински“, кој е еден од најстарите во Југоисточна Европа. Министерството за култура соопшти дека за Музејот во Струга се обезбедени средства и за третата фаза од обновата на музејските депоа, како и за презентација на ранохристијанските мозаици од …

Министерката за култура ги посети националните установи во Струга Read More »

Двојно повеќе средства за проекти на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга


Двојно зголемени буџетските средства за финансирање проекти во сите дејности во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга од годишната програма на Министерството за култура за 2022  година. Директорката на установата Николина Велкоска-Глигороска информира дека вкупниот буџет од Министерството за култура за Центарот за култура во Струга изнесува над два милиони денари. – Во сите …

Двојно повеќе средства за проекти на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга Read More »

Опожарена трска кај Извидничкиот центар во Струга


Околу 400 квадратни метри трска во водите на Охридското Езеро изгореле во пожар во близина на Извидничкиот центар во Струга, соопшти денеска СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димоски информира дека пожарот во полиција бил пријавен 46 минути по полноќ на 13 февруари. Изгаснат е со инетрвенција на Територијалната против пожарна единица од Струга. – Во Одделението …

Опожарена трска кај Извидничкиот центар во Струга Read More »

Четири месеци затвор за професорот што нападна ученик во струшко училиште


 Пресуда од четири месеци затвор за професорот, кој во декември минатата година со метален боксирач нападна ученик во струшкото средно училиште „Ибрахим Темо“, донесе денеска Основниот суд во Струга. Судот го прогласи за виновен за сторено кривично дело „насилство“, а во изречената казна, ќе му биде пресметан и периодот поминат во притвор, до правосилноста на …

Четири месеци затвор за професорот што нападна ученик во струшко училиште Read More »

МЗ: Не е извршено секвенционирање на брис кај пациент од Струга за да се утврди присуство на омикрон сојот


Со секвенционирање на вирусот SarsCoV2 досега сојот омикрон е детектиран само кај еден пациент кој во државата пред извесно време се вратил од Велика Британија, соопшти вечерва Министерството за здравство, посочувајќи дека утврдување на присуство на сој на корона вирусот се врши единствено и исклучиво со секвенционирање, додека ПЦР тестирањето може да биде само индикација, …

МЗ: Не е извршено секвенционирање на брис кај пациент од Струга за да се утврди присуство на омикрон сојот Read More »

Потврден првиот случај со омикрон во Струга


Потврден е првиот случај со омикрон, новиот сој на Ковид – 19 во Струга, информира за МИА епидемиологот од Центарот за јавно здравје Јованка Струлакова – Коровешоска. Се работи за асимптоматски случај кај повозрасно лице, вакцинирано со две дози „Фајзер“. -Лицето во моментот е во изолација. ПЦР тест правеше пред една недела заради патување во …

Потврден првиот случај со омикрон во Струга Read More »

Обвинителство ќе го гони професорот од Струга, кој со железен боксирач удри ученик


  Струшкото Основно јавно обвинителство поднесе Обвинителен предлог против 57-годишен професор од Струга, за сторено кривично дело „насилство“ од член 386 став 1 во врска со став 3 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Струга. – Обвинетиот на 23.12.2021 година околу 13:30 часот, со боксирач удрил ученик на возраст од 18 години. Физичкиот напад следел …

Обвинителство ќе го гони професорот од Струга, кој со железен боксирач удри ученик Read More »

Со поддршка на ОКТА изградено трето инклузивно игралиште во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“


Компанијата ОКТА ја поддржа изградбата на ново инклузивно игралиште во дворот на основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, кое ќе биде место на безгрижна игра и правилен физички развој на учениците, вклучувајќи ги и децата со попреченост. Ова е трето инклузивно игралиште, кое компанијата ОКТА го донира во рамки на нејзината соработка со Фондацијата „Чекор …

Со поддршка на ОКТА изградено трето инклузивно игралиште во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ Read More »

Професорот што со метален предмет удри ученик во Струга бил проблематичен подолго време


Професорот, што денеска напладне со метален предмет повреди ученик бил проблематичен подолг период, потврди директорката на средното училиште „Ибраим Темо“ Бесиме Јонузи. Според неа, расправијата меѓу професорот и ученикот почнала завчера, а дисциплинската комисија во училиштето вчера донела одлука за негово суспендирање. – Мотивот не го знаеме, затоа што со професорот сме имале проблеми години …

Професорот што со метален предмет удри ученик во Струга бил проблематичен подолго време Read More »

Професор со метален предмет претепал средношколец во Струга


Професор со метален предмет денеска околу 13.30 часот  повредил ученик во средното училиште „Ибраим Темо“ во Струга. Ученикот бил примен на Хируршкото одделение со повреда на главата, потврди директорот на струшката болница Арменд Арслани. – Од одделението за Хирургија ме известија дека во 13.45 часот е примено дете со повреда на главата. Извршено е шиење …

Професор со метален предмет претепал средношколец во Струга Read More »

Дваесет сертифицирани негуватели се грижат за стари и болни лица во Струга


Дваесет сертифицирани негователи од Струга им помагаат на стари, болни и изнемоштени лица, на кои им е потребна помош во домашни услови во рамките на проектот „Нега и грижа во домот за стари лица“ што го реализираат општинската организација на Црвениот крст, во соработка со Светска банка, Министерството за труд и социјална помош и Општина …

Дваесет сертифицирани негуватели се грижат за стари и болни лица во Струга Read More »

Нема веќе градење покрај Охридско Езеро


Планот за управување со природното и културно наследство во Охридскиот Регион е подготвен и денеска треба да биде објавен на веб-страниците на трите општини во регионот (Охрид, Струга, Дебрца), како и на веб-страниците на Министерствата за култура и за животна средина. Со тоа што нацрт-планот ќе биде достапен за стручната и пошироката јавност, предвидени се …

Нема веќе градење покрај Охридско Езеро Read More »

Младите од Европа учат во Струга како да решаваат конфликти


Вкупно 35 млади од петнаесет земји низ Европа учествуваат на десетдневниот семинар (Get updated – project for professional development of youth workers) во Струга каде воглавно учат како да се справат со конфликтни ситуации. Во тренинг курсот за надоградување на способностите на младинските работници што го организираат Волонтерскиот центар Скопје и ФАЈО фондацијата од Велика …

Младите од Европа учат во Струга како да решаваат конфликти Read More »

Мораториумот ќе го смири УНЕСКО: Струга има повеќе дивоградби од Охрид


Градската депонија ќе се затвори за околу една година, за девет месеци ќе се повратат нелегално изградените плажи до Калишта, а кон крајот на 2021 година ќе почне рушењето на сите дивоградби во струшкиот регион. Дотогаш, прогласена е времена мерка за забрана на тврди градби. Ова се клучните поенти што Струга планира да ги спроведе …

Мораториумот ќе го смири УНЕСКО: Струга има повеќе дивоградби од Охрид Read More »