Столтенберг за Би-Би-Си: Сојузот на авторитарни сили сè повеќе соработува против Западот


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека „сојуз на авторитарните сили“, во кој, според него, се Русија, Иран, Кина и Северна Кореја, сè поблиску соработува против западните демократии. Тој оцени дека соработката на „сојузот“ се повеќе се координира, а како пример го наведе фактот што Русија им дала технологија на Иран и Северна Кореја …

Столтенберг за Би-Би-Си: Сојузот на авторитарни сили сè повеќе соработува против Западот Read More »

Столтенберг: Наместо да ѝ ја затвори вратата на НАТО, Путин ја приближи Украина до Алијансата


Денеска кога одбележуваме две години откако руските тенкови навлегоа на украинска територија и започна најголемата војна во Европа по Втората светска војна, ситуацијата на бојното поле останува исклучително сериозна, а целта на претседателот на Русија, Владимир Путин да доминира во Украина не е променета и нема индиции дека се подготвува за мир, порача генералниот секретар …

Столтенберг: Наместо да ѝ ја затвори вратата на НАТО, Путин ја приближи Украина до Алијансата Read More »

Столтенберг остро ја критикуваше реакцијата на Пекинг по смртта на Навални


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг остро ја критикуваше реакцијата на кинеската Влада по смртта на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, јави ДПА. „Денеска имаше изјава на кинескиот министер за надворешни работи дека смртта на Навални е „внатрешно руско прашање“. Е тоа не е внатрешно руско прашање, бидејќи сите знаеме дека ова е резултат на …

Столтенберг остро ја критикуваше реакцијата на Пекинг по смртта на Навални Read More »

Столтенберг: Сугестијата дека НАТО нема да ги брани сите сојузници ја поткопува безбедноста на сите


Членот 5 од Договорот од НАТО, кој предвидува дека напад врз еден сојузник се смета за напад врз сите, е сржта на Алијансата и секоја сугестија дека нема да ги браниме сите сојузници ја поткопува безбедноста на сите нас, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг пред почетокот на заседанието на Северноатлантскиот совет во …

Столтенберг: Сугестијата дека НАТО нема да ги брани сите сојузници ја поткопува безбедноста на сите Read More »

Столтенберг откри кои земји годинава ќе ги исполнат обврските кон Алијансата


 Од 31 земја на НАТО, 18 ќе ја постигнат целта за воена потрошувачка од два отсто од БДП годинава, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, неколку дена по вербалниот напад на поранешниот американски претседател Доналд Трамп врз европските земји членки кои не ги исполнуваат финансиските обврски кон НАТО. „Тоа е уште еден рекорден …

Столтенберг откри кои земји годинава ќе ги исполнат обврските кон Алијансата Read More »

НАТО потврди дека ќе продолжи да ја поддржува Украина во 2024 година


Членките на НАТО јасно потврдија дека ќе продолжат да и даваат на Украина голема воена, економска и хуманитарна помош, соопштено е денеска од седиштето на воената алијанса во Брисел. Во соопштението по видео-конференцијата НАТО-Украина, се наведува дека земјите-членки презентирале планови за обезбедување „милиони евра за понатамошна поддршка на Украина во 2024 година“. – НАТО силно …

НАТО потврди дека ќе продолжи да ја поддржува Украина во 2024 година Read More »

Столтенберг во дводневна посета на Македонија


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска попладне пристигнува во  Скопје во дводневна посета на Северна Македонија, во рамки на неговата турнеја во земјите од Западен Балкан. Официјалната посета, како што е најавено, Столтенберг ќе ја започне во Владата проследена со заедничка прес-конференција со неговиот домаќин, премиерот Димитар Ковачевски. Генералниот секретар на НАТО, попладне ќе …

Столтенберг во дводневна посета на Македонија Read More »

Столтенберг во Косово: НАТО ќе направи се за да не се повтори насилството од мај и од септември


НАТО размислува дали Алијансата треба да има потрајно зголемување на војниците во регионот, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција во Приштина. Тој додаде дека НАТО го разгледува своето воено присуство на Западен Балкан. Столтенберг по средбата со претседателката на Косово, Вјоса Османи истакна дека Алијансата ќе направи се што е неопходно …

Столтенберг во Косово: НАТО ќе направи се за да не се повтори насилството од мај и од септември Read More »

Формирана експертска група за изработка на извештај за пристапот на НАТО кон јужното соседство


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг именува група од независни експерти со задача да дадат своја поддршка во изработката на планот за пристап на Алијансата кон неговото јужно соседство, односно Блискиот Исток, Северна Африка и регионот на Сахел.   Како што соопшти НАТО, за претседателка на експертската група е назначена португалската професорка Ана Сантош Пинто.  …

Формирана експертска група за изработка на извештај за пристапот на НАТО кон јужното соседство Read More »

Столтенберг: Не треба да очекуваме брз крај на војната во Украина


 Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг предупреди дека не треба да се очекува брз крај на војната во Украина. „Повеќето војни траат подолго од очекуваното кога започнаа“, рече Столтенберг во интервјуто објавено денеска од германската медиумска групација „Функе“. Како што изјави, „мора да се подготвиме за долга војна во Украина“. „Сите сакаме брз мир. Но, …

Столтенберг: Не треба да очекуваме брз крај на војната во Украина Read More »

Украинците напредуваат, но бавно, вели првиот човек на НАТО


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека Украинците напредуваат побавно во нивната контраофанзива против руските сили отколку што се надеваше Алијансата, но дека сè уште добиваат околу 100 метри на ден, а британскиот премиер Риши Сунак исто така го пофали напредокот на украинскиот сили, пренесува ДПА. „Украинците постепено напредуваат и тоа ја докажува важноста …

Украинците напредуваат, но бавно, вели првиот човек на НАТО Read More »

Столтенберг: Украина сама ќе одлучи за условите за мировни преговори


На Украина е да одлучи кога ќе има услови за преговори за завршување на војната со Русија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, нагласувајќи дека Алијансата не го променила ставот. Украинците и само Украинците се тие кои можат да донесат одлука за тоа кога ќе се создадат услови за преговори. Говорејќи на конференција …

Столтенберг: Украина сама ќе одлучи за условите за мировни преговори Read More »

Зеленски и Столтенберг разговарале за деблокирање на коридорот за жито во Црното Море


Претседателот на Украина Володимир Зеленски, соопшти дека дека телефонски разговарал со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во врска со деблокирањето на Црноморскиот коридор за жито. – Со г. Столтенберг ги идентификувавме приоритетните и идните неопходни чекори за деблокирање и трајно функционирање на коридорот за жито во Црното Море, наведува Зеленски во кратката објава на …

Зеленски и Столтенберг разговарале за деблокирање на коридорот за жито во Црното Море Read More »

Столтенберг: Вечерва разговарам со Ердоган, ќе се обидеме да најдеме решение за Шведска


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска во Вилнус, во пресрет на дводневниот самит на НАТО, изјави дека на овој состанок се уште е можно да се добие позитивна одлука за членството на Шведска. -Се уште е можно да се добие позитивна одлука за шведското членство овде во Вилнус, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со …

Столтенберг: Вечерва разговарам со Ердоган, ќе се обидеме да најдеме решение за Шведска Read More »

Столтенберг: НАТО го следи движењето на Пригожин и припадниците на „Вагнер“


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата ги следи неодамнешните движења на лидерот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин и неговите припадници. Белорускиот претседател Александар Лукашенко вчера изјави дека Пригожин ја напуштил територијата на неговата земја, каде допатува согласно договорот за прекин на вооружениот бунт од 24 јуни, и дека се вратил во Русија, …

Столтенберг: НАТО го следи движењето на Пригожин и припадниците на „Вагнер“ Read More »

Столтенберг: Во Белорусија сè уште нема многу војници на Вагнер


 Не многу војници на руските платенички сили Вагнер се преместени во Белорусија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пренесе ДПА. – Видовме одредени подготовки за прием на големи групи војници на Вагнер во Белорусија, рече Столтенберг, говорејќи во Брисел. – Досега не сме виделе толку многу од нив да одат во Белорусија, додаде …

Столтенберг: Во Белорусија сè уште нема многу војници на Вагнер Read More »

На Столтенберг денеска ќе му биде продолжен мандатот во НАТО уште една година, велат дипломати


Двајца американски и двајца европски дипломати изјавија дека земјите членки на НАТО се очекува денеска да му го продолжат мандатот за уште година дена на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, јавија дел од американските медиуми. За одлуката се соопштуваше изминатите недели, но се очекува амбасадорите на НАТО официјално да го утврдат продолжениот мандат на …

На Столтенберг денеска ќе му биде продолжен мандатот во НАТО уште една година, велат дипломати Read More »

Столтенберг: Важно е да се намалат тензиите во Косово


Важно е да се намалат тензиите на Косово и тоа е задача и одговорност на двете страни и затоа НАТО продолжува со напорите во рамките на дијалогот со посредство на ЕУ за намалување на тензиите, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. . „Се разбира, ние остануваме посветени на мандатот на ОН. Го зголемивме …

Столтенберг: Важно е да се намалат тензиите во Косово Read More »

Столтенберг: Успешна украинска контраофанзива ќе го присили Путин да седне на масата за преговори


Доколку украинската контраофанзива биде успешна тоа би можело да го натера рускиот претседател Владимир Путин да седне на преговарачка маса, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за Си-ен-ен. -Колку повеќе Украинците победуваат на теренот, толку е поголема веројатноста претседателот Путин да разбере дека треба да седне на преговарачка маса и да даде согласност за …

Столтенберг: Успешна украинска контраофанзива ќе го присили Путин да седне на масата за преговори Read More »