Неизсвесен почетокот на седницата за уставни измени


Собраниската седница на која треба да продолжи расправата за пристапување кон уставни измени иако беше најавена за 15 часот, се уште не е започната и не се знае кога и дали воопшто ќе започне. Во салата за пленарни седници веќе се присутни дел од пратениците од владејачкото мнозинство, а на галеријата и бројни медиумски екипи. …

Неизсвесен почетокот на седницата за уставни измени Read More »

Продолжува пленарната седница за уставни измени, власта и опозицијата останаа на истите ставови


Во Собранието на Република Македонија денеска напладне треба да продолжи расправата за Предлогот за пристапување кон уставни измени. Владејачкото мнозинство и опозицијата се уште се на истите позиции – пратениците од власта сметаат дека предлогот треба да биде прифатен за да се отворат вратите на НАТО и за ЕУ за Македонија, додека, пак, за опозициската …

Продолжува пленарната седница за уставни измени, власта и опозицијата останаа на истите ставови Read More »

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ влегоа во собраниската сала


Речиси целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ е моментно во собраниската сала, каде што само што почна седницата за пристапување кон уставни измени. Прв говорник е поранешниот координатор на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски. Во салата се појави и поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој побара да биде ослободен од денешеното судско рочиште за случајот …

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ влегоа во собраниската сала Read More »

Ребалансот на Буџетот вечерва на владина седница


Владата вечерва ќе ја одржи 94-та седница на која ќе се стави на разгледување и на усвојување Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година. Како што информираат од владината прес-служба, постапката за измени и дополнувања на Буџетот за 2018 година се иницира во овој период за да се запазат …

Ребалансот на Буџетот вечерва на владина седница Read More »

(Не)очекувана одлука на Уставeн суд: Референдумот преживеа


Референдумската кампања ќе продолжи и ќе се гласа на 30 септември. Таков епилог произлегува од вчерашната одлука на Уставниот суд, во чие донесување учествуваа сите деветмина судии, од кои седуммина гласаа за отфрлање на иницијативите за оценка на уставноста на одлуката за донесување на референдумот. Претставките што ги поднесоа Светскиот македонски конгрес (СМК), Левица и …

(Не)очекувана одлука на Уставeн суд: Референдумот преживеа Read More »

Дебар жали за убиеното семејство Поцеста


Поради грозоморното убиство, што ја вознемири не само дебарската, туку и пошироката макеоднска јавност, Советот на општина Дебар ја одложи за денеска закажаната седница, откако советниците им оддадоа почит со едноминутно молчење. – Вакво нешто не се памети во нашиот град. Советниците донесоа одлука да се одложи седницата и сите заедно да одиме и на …

Дебар жали за убиеното семејство Поцеста Read More »

Референдумот ќе биде распишан в сабота, договорените закони се во собраниската архива


Референдумот за договорот со Грција се очекува да биде распишан в сабота, откако синоќа работните групи на партиите постигнале согласност околу законите што беа договорени во првиот дел од понеделничката лидерска средба. Според информациите, во собраниската архива се веќе доставени три закони што не е исклучено да бидат донесени уште вечерва или најдоцна до сабота, …

Референдумот ќе биде распишан в сабота, договорените закони се во собраниската архива Read More »

Оливер Дерковски кандидат за претседател на ДИК?


Во 19 часот треба да се состане Комисијата за избори и именувања за да ги селектира кандидатите за членови на ДИК, според важечкото решение што уште зимата го договорија лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. Комисијата, според извори од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ќе заседава вечерва, иако на лидерската средба не е постигнат договор околу …

Оливер Дерковски кандидат за претседател на ДИК? Read More »

Самитот во Брисел ги одложи пратеничките прашања


Следната седмица во парламентот, според информациите, нема да се одржи редовната седница за пратенички прашања поради обврските на повеќемина министри и на премиерот Зоран Заев околу самитот на Европскиот совет во Брисел. Иако редовен термин за пратенички прашања е последниот четврток во месецот, овој пат токму на тој ден во Брисел ќе почне самитот на …

Самитот во Брисел ги одложи пратеничките прашања Read More »

Продолжи седницата за избор на нови министри


Расправата за изборот на нови четворица министри попладнево продолжи со дебата и критики за работата на Владата во изминатата година од пратениците од опозицијата. Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ читаше делови од Програмата на Владата, посочувајќи на проекти кои се уште не се реализирани. – Ветувањата вие ги дадовте. Требало да внимавате што ветувате. Ваша должност …

Продолжи седницата за избор на нови министри Read More »

Собранието разгледа повеќе годишни извештаи, гласањето дополнително


Собранието на Република Македонија во попладневниот дел од денешната работа по дневниот ред на 46-тата седница ги разгледа Годишниот извештај за работата на Дирекцијата за заштита на личните податоци за 2017 година и Извештајот за активностите на СЈО за периодот од 15.09.2017 до 15.03.2018 година. Како што информира специјалниот јавен обвинител Катица Јанева, во петтиот …

Собранието разгледа повеќе годишни извештаи, гласањето дополнително Read More »

Сите калкулираат околу новиот гувернер: Џафери го игнорира предлогот на Иванов


Спикерот Талат Џафери не го ставил предлогот на претседателот Ѓорге Иванов за реизбор на Димитар Богов за гувернер на дневен ред на првата наредна собраниска седница, која почнува на 21 мај – точно на датумот кога истекува мандатот на досегашниот челник на НБРМ. Ако собраниската агенда не биде дополнета на почетокот на седницата и ако …

Сите калкулираат околу новиот гувернер: Џафери го игнорира предлогот на Иванов Read More »

Вработените во „Еурокомпозит“ ќе добијат плата и здравствено осигурување


Владата на денешната  67. седница донесе одлука за исплата на паричен надоместок и обезбедување здравствено осигурување за последните месеци на вработените во компанијата „Еурокомпозит“ од Прилеп, соопшти владината прес-служба. Вработените во прилепски „Еурокомпозит“ минатата недела два часа протестираа на патниот правец Прилеп-Градско на излезот од градот пред Плетвар, барајќи да им се исплати една плата, …

Вработените во „Еурокомпозит“ ќе добијат плата и здравствено осигурување Read More »

Собранието утре ќе ја продолжи 45. седница


Собранието на Република Македонија попладнево не продолжи со работа по 45. седница поради технички причини. Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери на почетокот на попладневниот дел од денешната седницата кажа дека се прекинува поради технички причини и немање електрична енергија во одредени делови од градот. – Поради дефекти во градот Скопје, надвор од …

Собранието утре ќе ја продолжи 45. седница Read More »

Пратениците на СП овозможија кворум на денешната седница


Пратениците на Социјалистичката партија Владанка Авировиќ и Љупчо Димовски на денешната 45. собраниска седница не им се придружија на колегите од ВМРО-ДПМНЕ кои на почетокот ја напуштија седница зашто владејачкото мнозинство немаше обезбедено кворум. Авировиќ и Димовски останаа во пленарната сала со што овозможија да се постигне потребниот кворум од 61 пратеник за почеток на седницата. …

Пратениците на СП овозможија кворум на денешната седница Read More »

(ФОТО) Фудбалот поважен од интерпелацијата: Пратеници будно го следеа Реал Мадрид – Јувентус


Дел од пратениците за време на вчерашната собраниска седница поинтересно им беше да го гледаат фудбалскиот натпревар меѓу Јувентус и Реал Мадрид отколку да дискутираат за интерпелацијата на Владата. На вчерашната собраниска седница на дневен ред беше точката за гласање на недоверба на Владата. Пратеникот од ДУИ, Артан Груби на својот фејсбук профил сподели фотографија …

(ФОТО) Фудбалот поважен од интерпелацијата: Пратеници будно го следеа Реал Мадрид – Јувентус Read More »

Неуверлива недоверба


Александра М. Митевска Пролонгирањето за два дена на донесувањето на реформските закони, веројатно, е единствениот ефект што го постигна ВМРО-ДПМНЕ со прашањето за доверба во Владата. Колку и да изгледа парадоксално, другите ефекти, главно, се во корист на владејачкото мнозинство, кое како да не се препотуваше вчера многу во собраниската сала слушајќи ги опозициските критики. …

Неуверлива недоверба Read More »

Расправата за доверба во Владата ќе почне утре претпладне


За утре, со почеток во 11 часот, спикерот Талат Џафери ја закажа 42. собраниска седница, на која единствена точка на дневниот ред е прашањето за доверба на Владата што го поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Расправата на оваа тема треба да трае до полноќ, кога би се реализирало гласањето. За евентуално изгласување недоверба на кабинетот …

Расправата за доверба во Владата ќе почне утре претпладне Read More »

И ВМРО-ДПМНЕ знае дека не паѓа Владата


В среда пред полноќ, кога во Собранието би требало да се гласа за доверба на Владата, речиси никој не верува дека опозицијата ќе успее да собере 61 рака што ќе гласа против работата на премиерот Зоран Заев и на неговиот тим. Поднесената интерпелација од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше со цел да се најде причина за …

И ВМРО-ДПМНЕ знае дека не паѓа Владата Read More »

ВМРО-ДПМНЕ пред одлука дали и како ќе се врати во парламентот


За вечерва во 19 часот, според информациите, е закажан почетокот на седниците на Извршниот и на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кои треба да пресечат дали опозицијата ќе се врати во парламентот за да се вклучи во носењето на реформските закони. Партиските тела го отвораат повторно ова прашање по информациите дека се усогласени со СДСМ дел …

ВМРО-ДПМНЕ пред одлука дали и како ќе се врати во парламентот Read More »