Нова сензорна соба според потребите на граѓаните на Прилеп


Дневниот центар за лица со интелектуална и телесна попреченост „Ѕуница“ од Прилеп од денеска има сензорна соба за своите штитеници. Според министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска која ја отвори сензорната соба, ова е чекор поблиску до поквалитетен живот на лицата со попреченост. -Сензорни соби се отвораат на целата територија на државата, придобивките …

Нова сензорна соба според потребите на граѓаните на Прилеп Read More »

Концерт на флејта на Страшо Темков во Прилеп


 Во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп концерт на флејта ќе одржи Страшо Темков. Пијано придружба ќе биде Сара Пројковска. Страшо Темков е прв флејтист солист на Македонската филхармонија, член е на „Македонскиот дувачки-квинтет“ и на ансамблот за современа музика „Св.Софија“. Како солист има реализирано повеќе рецитални програми и солистички настапи, манифестации …

Концерт на флејта на Страшо Темков во Прилеп Read More »

Ученици од Прилеп изработија навлаки за перници за старечкиот дом


Учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп денеска донираа 120 навлаки за перници, кои сами ги изработиле, во рамки на наставата, на штитениците од Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во нивниот град. Учениците од насоката Техничар за изработка на облека, на иницијатива на нивната професорка Јулијана Поповска, изработија навлаки за перници од …

Ученици од Прилеп изработија навлаки за перници за старечкиот дом Read More »

Прилеп сака да се задолжи пет милиони евра преку издавање општински обврзници


Прилеп сака да се задолжи со 5 милиони евра преку издавање општински обврзници. Во големата сала од локалната самоуправа денеска се спроведе јавна расправа на која градските власти понудија четири капитални проекти, три од инфраструктурата и еден за производство на елекрична енергија преку обновливи извори, со поставување фотоволтаици на училиштата. Бранко Нешкоски, раководител на секторот …

Прилеп сака да се задолжи пет милиони евра преку издавање општински обврзници Read More »

Прилепско Мало Коњари се дави во фекалии оти пречистителната станица не работи


Прилепското село Мало Коњари, речиси е предградие на Прилеп и е единственото во Прилепско кое има пречистителна станица за отпадните води, но таа во моментит не е во функција. Околу 600 жители реагираат на излевањето на отпадните води и фекалиите кои ги загрозуваат нивното здравје и околината. Револтирано протестираат и бараат решение. Слободан Дичоски и …

Прилепско Мало Коњари се дави во фекалии оти пречистителната станица не работи Read More »

Прилепските училишта и градинки ги спроведуваат упатствата од МВР


Прилепските училишта и градинки почнаа да ги спроведуваат упатствата од МВР за евентуални дојави за поставени бомби. По вчерашниот состанок на училиштата и градинките со претставници на прилепската полиција се спроведуваат упатствата, а кога ќе ги добијат написмено ќе ги информираат и наставниците и родителите. -Со новите протоколи, во моментот, ако има дојава, без да …

Прилепските училишта и градинки ги спроведуваат упатствата од МВР Read More »

Се отвораат операционите сали во прилепската болница, наодите се негативни


Од утре се отвораат операционите сали во прилепската болница и продолжуваат со оперативната програма. Одлуката ја донесе Комисијата за интрахоспитални инфекции при болницата. Оттаму информираат дека добиле негативни наоди од 150–те земени примероци од салите и персоналот, но со корекција на одредени состојби. – Врз основа  на добиените негативни наоди од Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија, Комисијата за спречување на …

Се отвораат операционите сали во прилепската болница, наодите се негативни Read More »

Прилеп повторно домаќин на уште два Телеком Мастерс бодовни турнири


Во организација на ППФМ  и техничка организација на ППК Младост96, во ООУ “Кире Гаврилоски -Јане” во Прилеп на 25ти февруари се одржа Телеком Мастерс У15. Во одлична фер плеј атмосфера, најдобрите ги освоија следните места: Кадети У15 1.Александар Јакимовски ППК Крива Паланка 2.Андреј Стојановски           ППК Крива Паланка 3.Кристијн Каламадевски.  ППК …

Прилеп повторно домаќин на уште два Телеком Мастерс бодовни турнири Read More »

Државниот санитарен и здравствен инспекторат со задолженија за прилепската болница


Државниот санитарен и здравствен инспекторат со решение ја задолжи прилепската болница да врши месечен, наместо квартален бактериолошки мониторинг во одделите со висок ризик. Да назначи овластен лекар за координација на работата на комисијата, следење на состојбата со интрахоспитални инфекции, контрола на спроведување на мерките од Програмата за Интрахоспитални инфекции и следење на резистенција на одредени …

Државниот санитарен и здравствен инспекторат со задолженија за прилепската болница Read More »

Прилепското обвинителство отвори предмет за болницата по смртта на тројца пациенти


Според основниот јавен обвинител Маријана Илиеска, обвинителството побара целосна документација за три случаи на лекување пациенти, една е пациентката на 52 години и уште двајца 30-годишници. -Отворивме предмет по допрен глас за утврдување евентуална кривична одговорност на вработени во Болницата. Едниот лучај е за 52-годишна пациентка која се лекувала на гинекологија и која со компликации …

Прилепското обвинителство отвори предмет за болницата по смртта на тројца пациенти Read More »

Оперативните сали во прилепската болница остануваат затворени


Седми ден се затворени операциските сали во гинеколошкото, хируршкото и ортопедското одделение во прилепската болница. Минатата недела 52-годишна пациентка по интервенција на гинеколошкото одделение и по компликации, по еден ден е препратена на скопските клиники каде починала. Од четвртокот се затворени салите, а во петокот Државниот санитарен и здравствен инспекторат направил вонреден инспекциски надзор по информации од прилепскиот Центар …

Оперативните сали во прилепската болница остануваат затворени Read More »

Во прилепската чаршија денеска почнува првиот „Prilep OUTLET Weekend“


Во Прилеп денеска и утре се одржува првиот „OUTLET Weekend“. Над 200 трговци од Прилепската чаршија се вклучија во овој настан кој е замислен како голем  „шопинг мол“ во целиот град, а муштериите посетувајќи ги трговските дуќани да уживаат во шопинг забавата, добрата услуга, љубезноста и гостопримството на чаршијата, надалеку позната по својата ексклузивност, квалитет и …

Во прилепската чаршија денеска почнува првиот „Prilep OUTLET Weekend“ Read More »

Над 200 ученици се без организиран превоз до училиштето „Ѓорче Петров“ во Прилеп


 Повеќе од 200 ученици од 47 населени места во Прилепско, останаа без организиран превоз за да следат настава во средното медицинско-козметичко училиште „Ѓорче Петров“ од Прилеп. Директорката на училиштето Петра Лукароска смета дека не може да потпише анекс на завршениот договор од минатата учебна година со кој се регулираше превозот, зашто е незаконски, а не …

Над 200 ученици се без организиран превоз до училиштето „Ѓорче Петров“ во Прилеп Read More »

Во Прилеп веќе нема кој да прави скара


  Се зголемува проблемот со недостиг од персонал во угостителските објекти во Прилеп. Најтешкиот месец за угостителите – февруари го продлабочи проблемот со недостигот од персонал, а сега и со преполовен број посетители во објектите. Ако лани, преку летото, заминале над 7.000 Македонци, главно во Хрватска, годинава и не може да се предвидат бројките. Особено …

Во Прилеп веќе нема кој да прави скара Read More »

Во прво полугодие, 130 ученици се испишале од прилепските училишта


За само првото полугодие, од прилепските училишта се испишале околу 130 ученици и со нивните родители заминале во странство. Ова се бројки кои загрижуваат и трендот се зголемува, вели Гоце Бумбароски, одделенски наставник и советник за млади во општина Прилеп. -Во последниве шест месеци од десет основни и пет средни училишта се испишани околу 130 …

Во прво полугодие, 130 ученици се испишале од прилепските училишта Read More »

Седумгодишник од Прилепско лажно пријавил бомба во училиште


Прилепската полиција и обвинителството расчистуваат случај во кој седумгодишен малолетник лажно пријавил дека, наводно, била поставена експлозивна направа во училиштето во селото Житоше во општина Долнени. Како што информираат од СВР Битола, вчера, 16 јануари во 18.16 часот, од својот мобилен телефон малолетникот, во присуство на неколку други малолетници, телефонски пријавил во полицијата дека во …

Седумгодишник од Прилепско лажно пријавил бомба во училиште Read More »

Млад маж од Прилеп обљубил постара жена


На 28.12.2022 во 17.50 часот во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп ги лишиле од слобода Е.А.(33) и С.А.(52), двајцата од Прилеп. Е.А. се сомничи дека во текот на денот извршил обљуба врз 63-годишна жена од Прилеп, додека С.А. дозволил пред него во неговиот дом да биде извршена обљубата врз жената која ја познава …

Млад маж од Прилеп обљубил постара жена Read More »

Дојави за подметнати бомби и во три основни училишта во Прилеп


По добиени дојави за подметнати експлозивни направи, денеска е спроведена евакуација на присутните во прилепските основни училишта „Гоце Делчев“, „Блаже Конески“ и „Добре Јованоски“. Се очекува пристигнување на единици на МВР за антитероризам за проверка на објектите. Според Сања Стаматова од СВР-Битола, дојавите за подметнати бомби во трите училишта стигнале на ист начин, преку официјалната …

Дојави за подметнати бомби и во три основни училишта во Прилеп Read More »

Почна откупот на тутунот, производителите задоволни од проценката


  Почна откупот на тутунот од годинашната реколта. Четири откупни компании од 10-те регистрирани во земјава ги отворија пунктовите. Годинашната реколта е договорена на над 25 000 тони, но се очекува да биде помала, иако е поголема од ланската и е поквалитетна. Тутунарите се на вагите и велат дека проценката е реална, но цените не …

Почна откупот на тутунот, производителите задоволни од проценката Read More »

Се чисти Дабничкиот канал низ Прилеп


Повеќе од Над 600 м3 отпад извадени од Дабничкиот канал во Прилеп ќе бидат транспортирани до депонијата кај Алинци, пишува градоначалникот Борче Јовчески на ФБ. – Заедно со ЈКП „Комуналец“ будно ја следиме ситуацијата за чистотата во градот и континуирано спроведуваме вакви акции. Сакам да упатам апел до сите наши сограѓани за поголема свест и …

Се чисти Дабничкиот канал низ Прилеп Read More »