Зиков: Не сум задоволен од пресудата за Ѓоко Поповски


Адвокатот на осудениот Ѓоко Поповски, Стерјо Зиков попладнево изрази незадоволство од изречената пресуда и од висината на казната. – Да се даде девет години за кривично дело сторено пред 10 години во јавна набавка за која сега постои различно толкување на прописите дали биле правилно применети или не, сметам дека е работа за која не треба …

Зиков: Не сум задоволен од пресудата за Ѓоко Поповски Read More »

Апелација ја укина пресудата за поткуп на ексградоначалникот на Кавадарци


Апелацискиот суд Скопје ја укина пресудата со која поранешниот кавадаречки градоначалник Александар Панов беше осуден за поткуп при избори и гласање. Дека предметот е вратен на повторно разгледување во Основен суд Кавадарци, за МИА потврди Лилјана Ситниковска, судија и портпарол на судот. Со пресуда на Основен суд Кавадарци во август минатата година, Александар Панов беше …

Апелација ја укина пресудата за поткуп на ексградоначалникот на Кавадарци Read More »

Пресуда за Ѓоко Поповски за случајот „Триста“


Во Кривичниот суд денеска ќе биде соопштена пресудата за предметот „Триста“, во кој обвинет е поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на службена должност во врска со јавната набавка на 300 возила. На минатото рочиште беа изнесени завршни зборови на обвинителите од Специјалното јавно обвинителство и на одбраната. СЈО побара осудителна пресуда …

Пресуда за Ѓоко Поповски за случајот „Триста“ Read More »

(Во живо) Пресуда за случајот „Поткуп“


Пренос во живо од „ТВ24“ на пресудата за предметот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев. Премиерот Зоран Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев. На минатото рочиште обвинителката Валентина Бислимовска побара измена на правната квалификација на обвинителниот акт и наместо за примање …

(Во живо) Пресуда за случајот „Поткуп“ Read More »

Утре пресуда за сегашниот, а во среда за поранешниот премиер


Кривичниот суд ќе ја објави утре пресудата за предметот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев, а ќе биде објавена и пресудата за поранешниот премиер Никола Груевски за случајот „Тенк“. На минатото рочиште за „Поткуп“ обвинителката Валентина Бислимовска побара измена на правната квалификација на обвинителниот акт и наместо за примање поткуп, обвинетиот Зоран Заев …

Утре пресуда за сегашниот, а во среда за поранешниот премиер Read More »

Конечна пресуда за „Тенк“ на 23 мај


Пресудата за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство ќе биде објавена за шест дена. На денешнот рочиште во Кривичниот суд во Скопје беа изнесени завршните зборови на обвинителство и одбрната на обвинетите. Специјалното јавно обвинителство во завршните зборови за предметот побара судот да ги прогласи за виновни поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник-министер во МНР …

Конечна пресуда за „Тенк“ на 23 мај Read More »

Денеска пресуда за возачот во случајот „Алмир“


Кумановскиот суд денеска треба да изрече пресуда за обвинетиот Бобан Илиќ, кој во јуни 2016 година со „мерцедес“ удри во тогаш 4-годишниот Алмир Алиу. Во завршниот збор адвокатот Стеван Павлески побара ослободителна пресуда за Илиќ, потеницрајќи дека делото не го извршил со умисла, повикувајќи се на невропсихијатриското и сообраќајно-техничкото вештачење и видео записот, нагласувајќи дека …

Денеска пресуда за возачот во случајот „Алмир“ Read More »

Ослободителна пресуда за судиите од „прекршоци“


Судечки совет на Основниот суд во Битола донесе денеска пресуда со која судиите и стручните соработници од Одделението за прекршоци на скопскиот Кривичен суд, кои беа обвинети во предметот „Јустиција“, се ослободуваат од вина. Судечкиот совет објави дека се одбива дел од од пресудата, со оглед на тоа што се работи за предмети од 2010 …

Ослободителна пресуда за судиите од „прекршоци“ Read More »

Изетбеговиќ: Пресудата во Хаг става печат на темен дел од историјата


Членот на босанското претседателство Бакир Изетбеговиќ денеска изјави дека пресудата за шестемина членови на раководството на босанските Хрвати за време на граѓанската војна става печат на еден темен дел од историјата. Шесте хрватски политички и воени водачи од БиХ беа осудени на казни од 20 до 25 години затвор, а при изрекувањето на пресудата во …

Изетбеговиќ: Пресудата во Хаг става печат на темен дел од историјата Read More »

Хрватска Влада: Пресудата на Трибуналот не ги одразува историските факти


Хрватската Влада издаде соопштение во кое му изрази сочуство на семејството на генералот Слободан Праљак, кој денеска изврши самоубиство судницата во Хашкиот трибунал, откако му беше изречена казна од 20 години затвор. Владата наведе дека многу одредби од пресудата на Хашкиот трибунал, со која вкупно шест водачи на босанските Хрвати беа осудени на казни затвор …

Хрватска Влада: Пресудата на Трибуналот не ги одразува историските факти Read More »

Рекордна пресуда во САД: Американец осуден на 472 години затвор поради трговија со деца


Американски суд го осуди Брок Френклин (31) на 472 години затвор поради сексуална трговија со деца, а локалните медиуми оценија дека станува збор за рекордна казна на трговија со луѓе. Френклин претходно оваа година, судот во Колорадо го прогласи за виновен по 30 точки од обвинението за трговија со малолетници и возрасни, како и поттикнување …

Рекордна пресуда во САД: Американец осуден на 472 години затвор поради трговија со деца Read More »

Судот во Јужна Африка ја зголеми казната за Писториус од шест на 13 години


Судот во Јужна Африка го зголеми времетраењето на затворската казна за Оскар Писториус од шест на 13 години. Параолимпиецот е осуден за убиство на неговата девојка Рива Стенкамп во февруари во 2013 година. Минималната законска казна за убиство во Јужна Африка е 15 години што сега ја доби Писториус, но притоа во предвид се земени …

Судот во Јужна Африка ја зголеми казната за Писториус од шест на 13 години Read More »

Условна казна за Томислав Лазаров за „Насилствата во Центар“


Затворска казна од шест месеци што нема да биде спроведена доколку во следните две години не стори кривично дело е пресудата што Кривичниот суд денеска му ја изрече на Томислав Лазаров, обвинет за „Насилствата во Центар“. Поранешниот претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар, кој на недамнешното рочиште ја призна вината,  уште еднаш …

Условна казна за Томислав Лазаров за „Насилствата во Центар“ Read More »

Ратко Младиќ: Ова беше само прво полувреме


По изрекувањето на првостепената пресуда во Хашкиот трибунал, Ратко Младиќ изјави, преку својот син Дарко, дека се додека е жив ќе се бори за откривање на правата вистина за борбата на Србите. – Ова беше само прво полувреме. Ќе се борам да се укинат овие наложени лаги и да се открие правата вистина за борбта …

Ратко Младиќ: Ова беше само прво полувреме Read More »

Вучиќ по пресудата за Младиќ: Не е ден ни за радост ни за тага


Српскиот претседател, Александар Вучиќ, коментирајќи ја денешната пресуда на Судот во Хаг против поранешниот командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, кој е осуден на доживотен затвор, рече дека „не е ден ниту за радост ниту за тага“. „Ајде да видиме каква иднина сакаме. Мојата порака до граѓаните е да гледаме во иднината, да размислуваме каде …

Вучиќ по пресудата за Младиќ: Не е ден ни за радост ни за тага Read More »

Младиќ се појави во судница, ја чека пресудата


Некогашниот командант на војската на босанските Срби, генерал Ратко Младиќ, дојде на изрекувањето на пресудата против него во Судот за воени злосторства во Хаг. Се товари по две точки за геноцид и пет за злосторства против човештвото. Судијата Алфонс Орие веќе половина час ја чита пресудата. „Советот утврди дека голем број босански муслимани или Хрвати …

Младиќ се појави во судница, ја чека пресудата Read More »

Геноцид во Сребреница, гранатирање на Сараево – денеска пресуда за Ратко Младиќ


Хашкиот трибунал денеска ќе ја објави првостепената пресуда за некогашниот командант на војската на босанските Срби, генерал Ратко Младиќ, по обвинението за геноцид над муслиманите и за други воени злосторства. Судскиот совет, предводен од судијата Алфонсо Орије, донесе пресуда по 3,5 години судење и уште една година разгледување на случајот од страна на Советот на …

Геноцид во Сребреница, гранатирање на Сараево – денеска пресуда за Ратко Младиќ Read More »